Vrabotuvanje.com - Металург-инженер - Куманово - ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ А.Д
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Металург-инженер

Куманово

Рок за пријавување:

  • ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ А.Д

ФЗЦ, Фабрика за заварени цевки 11 Октомври а.д. од Куманово денеска претставува производствен гигант не само во рамките на Р. Македонија и Балканот, туку и многу пошироко како препознатливо име за производство на електро заварени цевки и профили со висок квалитет.

Фабриката е акционерско друшво со доминантен приватен капитал, располага со поголем број на производни капацитети за производство на заварени челични цевки и профили скоро од сите видови и големини, како и нивна соодветна антикорозивна заштита,со што се вбројува како еден од најзначајните производители на овие производи во Југоисточна Европа и важи за сигурен партнер со долгогодишна традиција.

 

Металург-инженер
2 (два) извршители

 
 
Задолжително е пријавените кандидати за оваа позиција да ги исполнуваат следните услови:
  • Дипломиран инженер металург (машински инженер)
  • Познавање на англиски јазик
  • Напредно познавање на MS Office
  • Б-категорија
  • Со или без работно искуство 
     
Работни задачи:
  • Врз основа на техничка документација за изработка на ладно обликувани цевки и профили, пропишува и следи технолшки параметри за производство и на Л610
  • Врз основа на техничка документација за изработка на надолжно заварени цевки под прашок, пропишува и следи технолшки параметри за производство на линија за ТОП
  • Врз основа на техничка документација за изработка на , цевки, профили и топло обликувани профили врши пресметка на технолошко-технички параметри за изработка на алат (валци) при воведување на нови    производи на производните линии
  • При пропишување на технологија води грижа за најрационална употреба на енергија и суровина за работа, време за производство на производи како и за квалитет на истите.
  • Предлага примена на нови технологии за производство
  • Учествува со технички инструкции при договарање  и склучување на договори за производство цевки и профили и  набавка на основен материјал (ТВТ-топловалана трака и ТВЛ-топловалан лим) за производство
  • Изготвува корективни мерки за  неусогласени производи
  • Одговорен е за квалитет на извршена работа
  • Пропишува технологија за ново усвоени производи на производните линии, предлага примена на нови технолошки постапки,   
  • Води грижа за најрационалната употреба на суровини и материјали како и  време за произведување на производите 
  • Учествува со технички инструкции при договарање  и склучување на договори за производство цевки и профили
  • Се грижи за упатства, нова литература за најнови светски достигнувања во областа на производство на цевки и топлообликувани профили
  • Извршува и други работни задачи од својата стручност што ќе му ги довери директорот.

Од кандидатите за бараните позиции се очекува да ги поседуваат следните вештини,  способности и лични особини:

  • Организираност и ефикасност 
  • Способност за тимска работа
  • Работа со дадени рокови
  • Следење на интерните правила и процедури
  • Самоиницијативност и самокритичност

Заинтересираните кандидати ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија (CV)
  • Доказ за завршено образование
  • Доказ за вештините ако поседува


Сите погоре наведени документи се задолжителни за пријавување по огласот и истите треба да бидат испратени преку полето Брза Апликација, или на адреса:  11 Ноември 87 А, Куманово, со назнака "за оглас за вработување за Металург-инженер” или доколку документите се по е-маил истото да биде наведено во subject line.   

Ве молиме Вашите документи да ги доставите стриктно на погоре наведените адреси, во спротивно нема да се земат предвид.

Врз основа на прегледаните документи, кандидатите кои што ги исполнуваат условите и ги доставиле бараните документи ќе бидат повикани на интервју и тестирање. 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Сообраќај и Транспорт изнесува 24.623 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде