Vrabotuvanje.com - Инженер за планирање на производство - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Инженер за планирање на производство

Охрид

Рок за пријавување:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА

 
КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, VW, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс-Ројс. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие? 
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 
 
Инженер за планирање на производство (Production Planning Engineer)

 
Работни задачи и одговорности 
  • Инженерот за планирање на производство е задолжен за развојот на производот и започнување на проектот; 
  • Обезбедува планирање во однос на новите и веќе постоечки производи и процеси, со што ќе се управуваат и намалуваат ризиците на проектот во сите фази на производство;
  • Ги подготвува, спроведува и следи сите промени поврзани со производот и производството, обезбедувајќи усогласеност со барањата на клиентот за функционалност и квалитет на самиот производ;
  • Директно соработува со раководителот на проектот и тимот на инженери, со цел да се исполнат сите релевантни фази од проектот сè додека не се изврши предавањето во сериско производство;
  • Дава целокупна поддршка во сериската фаза на производство доколку има какви било промени во текот на истото.
     
Образование, искуство, вештини 
  • ВСС од мехатроника;
  • Искуство со анализа на причините и управување на ризик во целиот животен циклус на производот;
  • Познавање на работа со технички цртежи;
  • Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook);  
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);  
  • Најмалку 2 годишно работно искуство во управување со проекти ќе се смета за предност; 
  • Спремност за патување и подолг престој на обука во странство.
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашата лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за "Инженер за планирање на производство (Production Planning Engineer)" преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
 
 
Краен рок за пријавување: 24 Октомври, 2020
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде