Либерти Скопје, дел од Либерти Стил Групацијата, е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани котури и табли, поцинкувани котури и табли и пластифицирани котури, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар.
- Го контролира квалитетот на материјалот и процесот на постројката со која ракува
- Ја контролира исправноста на постројката и сигнализира за сите неправилности кои ќе се јават
- Врши припрема и заварување на трака на вар машина и одговара за квалитетот на истото
- Зема учество во сите технолошки операции на влез
- Работи на командни и помошни табли
- Го контролира соодветниот материјал кој е во програма за лужење, по димензии
- Врши припрема на материјал за заварување
- Ја контролира исправноста на машината и сигнализира за сите неисправности кои ќе се појават
- Врши припрема и подесување на ножеви на брусен строј
- Врши подесување на вар машина согласно материјалот
- Учествува во отстранување технолошки отпад од соодветното работно место
- Учествува при чистење на кади, таложник, скрубер
- Учествува при влечење на скината трака низ кади
- Повремено учествува во одржувачки активности за кои е претходно обучен и квалификуван
- Врши и други бизнис задачи по барање на неговиот/нејзиниот главен претпоставен
Личен профил:
- Комуникациски вештни
- Организациски вештини
- Строго почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работа
- Средно стручно образование
- Работно искуство од мин 1 година