Vrabotuvanje.com - Архитект - Скопје - Саник Инженеринг ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • Саник Инженеринг ДООЕЛ
 

Саник Инженеринг е компанија посветена на креирање и создавање на урбани и функционални станбени и деловни простори со уникатен дизајн...           
                
Нашиот тим од професионални и искусни архитекти при осмислувањето на објектите секогаш е инспириран и ги става во фокус желбите и потребите на купувачите.     

Нашата компанија постојано се стреми кон иднината, ги следи светските трендови во градежништвото и архитектурата. Препознатливи сме по квалитетот кој го создаваме со примена на современи стандарди и технологии во изградбата. 

Нашите проекти влеваат доверба во нашите клиенти преку создавање на трајни вредности за идни генерации.
 

САНИК ИНЖЕНЕРИНГ
има потреба од следната работна позиција

АРХИТЕКТ

 

Потребни квалификации:

  • ВСС - архитектонски факултет;
  • Претходно работно искуство;
  • Поседување на Овластување за проектирање на градби како одговорен проектант од архитектура (Б);
  • Напредно познавање на работа со компјутери, задолжително познавање на ACAD програм, MS Project, Microsoft Word, Excel и Power Point;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Познавање на законската регулатива од областа на градењето;
  • Возачка дозвола – Б категорија.

Основни задачи и одговорности:

  • Раководење, обезбедување и координирање на проекти;
  • Усогласување, контрола и синхронизација на сите фази на проектирање;
  • Дефинирање на потребниот буџет и временските рокови за проектот;
  • Одржување на ефективни релации со клиентите;
  • Познавање на оперативни практики на градежништвото, следење и проучување на стандардите и нивните промени;
  • Оперативни и административни обврски врзани за тековно работење.

Личен профил:

  • Иницијативност, самостојност,  ажурност, навременост;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Комуникациски и организациски вештини;
  • Способност за идентификација на проблеми.

Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија со назнака за позицијата, преку полето Брза Апликација.​

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Архитектура изнесува 25.340 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде