Vrabotuvanje.com - Асистент за набавки - Скопје - ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Асистент за набавки

Скопје

Рок за пријавување:

  • ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:
Van Hool е реномиран производител на автобуси од Белгија, со годишно произвoдство од околу 1,400 автобуси и 4,000 комерцијални возила. Van Hool од Белгија е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 60 години Van Hool Белгија има репутација за дизајнирање и создавање на високо квалитетни и современи производи.

Продолжуваме со процесот на селекција на вработени за потребите на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона–Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, со планирано производство на автобуси за светскиот пазар. 

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА:
Асистент за набавки (Assistant buyer)
 
РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
  • Усогласување со компаниските политики и процедури за набавка;
  • Следење на рокови и планови за набавка;
  • Истражување на пазарот;
  • Анализа на понуди и изработка на ценовни компарации;
  • Пресметка на заштеди;
  • Идентификација за можностите за набавка;
  • Следење на испораките;
  • Градење на професионален и цврст деловен однос со добавувачите;
  • Архивирање на документи.
 
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
  • ВСС (пожелно Економија);
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
  • Одлично познавање на MS Office;
  • Работно искуство од најмалку 2 (две) години во областа на набавките;
  • Аналитички и математички вештини;
  • Способност за преговарање;
  • Деловна комуникација;
  • Способност за одлучување;
  • Способност за работа во динамична средина.
 
ШТО НУДИМЕ:
  • Конкурентни месечни примања;
  • Мотивирачка средина каде што вредностите и резултатите се важни;
  • Континуирана обука и можност за напредување;
  • Работа од понеделник до петок од 08:00 – 16:00 часот, 40 часови неделно;
 
Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk , во делот “отворени работни места”. 
 
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 
 
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 
 
Краен рок за доставување на апликациите: 20.04.2021 година
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде