Vrabotuvanje.com - Асистент за продажни операции - Скопје - ВУРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Асистент за продажни операции

Скопје

Рок за пријавување:

  • ВУРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ

Würth Македонија е дел од меѓународна Würth Група со седиште во Германија и Швајцарија.

Повеќе од 70.000 вработени во над 80 земји ширум светот, се занимаваат со продажба на над 125.000 различни технички производи со примена во авто, метална, дрвeна индустрија и градежништво. Würth од 1995 е присутен во Македонија каде што соработува со преку 6.000 купувачи. Тимот составен од претставници за продажба на терен и стручни соработници за поддршка, им нуди на нашите купувачи врвна услуга и многубројни корисни и иновативни производи со врвен квалитет.

WÜRTH ВРАБОТУВА:

АСИСТЕНТ за продажни операции

Доколку сте одлично организирана личност и ефикасен професионалец кој може да се справи со повеќе задачи во еден работен ден притоа давајќи приоритет на најважните на листата, вие сте личност за нашиот тим.
Како наш Асистент за продажни операции, ќе се придружите на тим со високи перформаси и ќе дадете поддршка на менаџментот за раководење со продажниот тим.

Оваа позиција е високо поврзана и соработува со различни сектори со цел проактивно наоѓање на решенија и подобрување на процесите.


Kвалификации:

  • Работно искуство на ваква позиција ќе се смета за предност
  • Завршено високо образование
  • Напредно познавање на Mic soft Excel
  • Високо изразени Аналитички способности
  • Интерес и искуство во решавање на нумерички задачи
  • Способност за внимавање на детали и организациски способности
  • Способнос за мултитаскинг и брза промена на фокус
  • Проактивност и способност за индивидуална работа
  • Флуентен Англиски јазик
  • Силна желба и способност за учење


Одговорности:

  • Работа со останати членови на тимот со цел навремено решавање на предизвици поврзани со продажбата
  • Непречен проток на документи и информации, процедури и барања поврзани со проекти.
  • Анализи за утврдување на области за подобрување и идентификација на тесно грло во процес на продажба
  • Работа со различни сектори и обезбедување информации за продажни операции и процедури базирани на анализи и пракса
  • Негување и одржување на силни работни релации со менаџментот и вработените во компанијата
  • Работа со топ менаџмнентот за идентификација не предизвици и можности за подобрување на процеси и систем на работа
  • Мониторинг на параметри кои се однесуваат на продажбата и изработка на анализи и извештаи

Единствено, кандидатите кои ќе влезат во потесен избор, ке бидат контактирани.​

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде