Vrabotuvanje.com - Вилушкарист - Скопје - ДС СМИТХ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • ДС СМИТХ

DS Smith  е водечка европска компанија за производство на амбалажа приспособена на барањата од клиентот со нагласок на врвниот дизајн и локална услуга близу просториите на клиентот. Со портфолио на производи кое опфаќа транспортно пакување, продажно пакување, промотивно пакување и пакување за изложување, приспособено заштитно пакување и индустриско пакување, DS Smith  ги задоволува сите барања на пазарот. На глобално ниво делува во три дивизии: амбалажа, рециклирање и хартија. Со тим од над 28.000 ентузијасти за амбалажа низ целиот свет, нашата цел е нашите вработени да се чувствуваат ценети и да го прифатат тоа што ние како бизнис имаме за цел да го оствариме. Силно ја поддржуваме важноста на внатрешната култура која се фокусира на амбиција и чесност.
 
Повеќе информации на www.dssmith.com
 
ДС Смитх како компанија става голем акцент на грижата за своите вработени, нивниот развој, напредување и усовршување на работното место. Го цени трудот на вработените и спроведува различни активности за подобро тимско работење, остварување на стратегиските цели и секојдневно живеење на корпоративните вредности. 
 
Ги охрабруваме сите кои бараат работодавач како DS Smith да аплицираат на отворениот оглас, спремни сме да обучуваме нови колеги и да допринесеме за растот и развојот на компанијата!
 
DS Smith Скопје вработува:
Вилушкарист
 
 
Потребни квалификации:
  • Средно образование
  • Релевантно работно искуство на иста или слична позиција
  • Искуство за работа со вилушкар
  • Способност за самостојна работа и работа во тим
  • Мотивирана и стабилна личност
  • Одговорност и посветеност на работата
 
Што нудиме: 
  • Одлични услови за работа
  • Работа во интернационална компанија
  • Работа во динамична атмосфера со можност за професионален развој
Доколку ги исполнувате наведените карактеристики, сте флексибилни, спремни за учење и напредок во кариерата
 
АПЛИЦИРАЈТЕ!
 
Преку полето Брза Апликација не подоцна од 15.10.2021, со задолжителна назнака за позицијата за која аплицирате.
 
Само оние апликации кој ги задоволуваат критериумите наведени погоре ќе бидат поканети на интервју.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде