Vrabotuvanje.com - Возач во меѓународен транспорт - Прилеп - НЕЛТ СТ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Возач во меѓународен транспорт

Прилеп

Рок за пријавување:

  • НЕЛТ СТ ДООЕЛ
 

Затоа што сте:
Професионални,
Енергични,
Посветени,
Ја сакате логистиката!

Бидете дел од НЕЛТ СТ!


Кои сме ние?

Со 30 години развој, Нелт Група е синоним за успешен бизнис систем.  Вработените, амбасадорите на вредностите на Нелт, првенствено придонесоа за ова, со доверба и поддршка на партнерите на сите пазари каде што работи Нелт Група.

Своето работење групата го заснова на принципите на етичко, одговорно и одржливо работење, во обид да придонесе за развој на локалната и пошироката заедница. Компанијата брои 4000 вработени и 80 принципали, на 11 пазари, а стратешки гледано, се потпира на три столба: дистрибуција, логистика и развој на бизнисот на пазарите во Африка.

Наши партнери и клиенти на македонскиот пазар се: Procter&Gamble, Mondelez, BIC, Jacobs, Jaffa Crvenka, Neoplanta, Mama's, Dr.Oetker, SebaMed, Vitalia, Campina, Mladegs Pak, Teekanne, Baby Food Factory, А1 Makedonija, Bau Center.

Вработуваме:
ВОЗАЧ ВО МЕЃУНАРОДЕН ТРАНСПОРТ

Опис на работната позиција: 
  • Превоз на роба во меѓународен патен сообраќај, а по потреба и во домашен патен сообраќај
  • Врши контрола на количината на робата согласно документацијата и дадените насоки
  • Врши контрола на цела документација потребна за правилно извршување на превозот
  • Пријавува дефекти и недостатоци на возилото
  • Укажува на потреба за сервис и регистрација
  • Одржување на возилото чисто и секогаш спремно за пат
  • Поседување на целосна документација за непречено обавување на обврските
  • Почитување на сообраќајните знаци и прописи во земјата и во странство
  • Правилно пополнување и евидентирање на документација при транспорт, натовар/растовар и  преминување меѓународни гранични премини
  • Превоз на роба согласно налог даден од страна на претпоставените
  •  Обавува задачи делегирани од страна на директно надредените во делот на сопствените компетенции а поврзано со работата на позицијата на која припаѓа
  • Најчести релации: Македонија, Србија, Унгарија, Чешка, Полска, Литванија, Латвија
 
Услови и компетенции:
  • Основни услови: ССС
  • Корпоративни компетенции: Победнички менталитет, Грижа за луѓе, Иновативност, Долгорочна перспектива и Лична одговорност
  • Општи компетенции :

1. Основно познавање на механика

2. Најмалку 3 години искуство со управување на тешко товарно возило

3. Важечка возачка за B, C и E категорија

4. Важечки сертификат за возач во меѓународен превоз

5. Важечка возачка картичка

  • Функционални компетенции : Решавање на проблеми, Комуникација, Управување со луѓе, Поставување на приоритети

Што нудиме?
  • Предизвикувачка и динамична работа со можност за напредување
  • Годишниот одмор определен согласно Закон за работни односи
  • Одлична работна атмосфера
  • Различни мотивациски и тим билдинг активности
  • Евалуација на вработените и вреднување на секој придонес
  • Можност за развој преку соодветни развојни планови и тренинг програми
  • Унапредувања и движење од еден во друг бизнис сектор, како и движење на останатите пазари на Балканот и на афричкиот континент
Кандидатот е потребно да поседува подготвеност и страст за предизвици со кои ќе се соочи во првите 6 месеци бидејќи компанијата нуди динамична и мотивирачка средина!

Доколку сакате да станете  дел од нашиот успешен и победнички тим, а сметате дека ги исполнувате условите на овој конкурс, аплицирајте најдоцна до 21.03.2022 год.

За аплицирање на огласот пополнете ја електронската пријава на следниот линк:
https://nelt-mk.oneassessment.com/job/--BmA0K

или испратете го Вашето CV во
Нелт СТ, ДООЕЛ
на ул.32, бр.20,
1041 Илинден, Скопје

Напомена: Сите пријави ќе бидат разгледани, а само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани.

Запознајте дел од нашите брендови:
 

​Дознајте повеќе за нас на https://www.nelt.com/mk/

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде