Кроација осигурување АД Друштво за неживотно осигурување вработува:
Администратор - кол центар за здравствено осигурување
Во Дирекција, Град- Скопје
Потребни квалификации и способности:
- ВСС или ССС (медицинско, фармација или стоматологија)
- Солидно познавање на англиски јазик и работа со компјутери (MC office )
- Способност за тимска работа
- Способност за работа под притисок и професионално одлучување
- Целосна посветеност на работните задачи
- Висока работна етика, одговорност и лојалност
- Со или без работно искуство
Опис на работно место – одговорности:
- Комуникација со осигуреници;
- Евидентирање на отштетни побарување;
- Утврдување на основ и идавање гаранции;
- Закажување на прегледи и други медицински услуги;
- Ликвидација на штети по здравствено осигурување; и,
- Останати активности по налог на непосредниот раководител.
Друштвото Кроација осигурување - неживот нуди:
- Вработување со полно работно време (определено)
- Нето плата од 24.000 денари (почетна)
- Посета на специализирани обуки
- Одлична можност за професинален развој
Потребна документација:
- CV – Лична Биографија
- Мотивационо писмо
- Доказ за завршено образование
Кандидатите кои ги исполнуваат условите, апликациите да ги достават преку полето Брза Апликација со рок до 07.03.2022 година и со назнака – ,,ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА Администратор - кол центар за здравствено осигурување”.
Оние кандидати чии квалификации ги исполнуваат барањата и потребите на компанијата, телефонски или по електронски пат ќе бидат повикани на разговор, а изборот ќе се изврши не подоцна од 07.04.2022 година.
Со испраќање на апликација за вработување апликантите се согласни своите лични податоци да се користат за намена на предметниот Оглас за вработување.