
Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје е компанија лоцирана во Македонија, која испорачува комплетни решенија од областа на геотехниката, хидротехниката, енергетиката, рударството, патната инфраструктура и заштитата на животната средина. Поради зголемен обем на работа Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје има потреба од вработување на:
Oглас за работна позиција: Дипломиран Инженер Архитект-Планер
Опис на работно место:
- Одговорен проектант – планер во Сектор Проектирање
Минимум потребни квалификации:
- Образование: Дипломиран инженер архитект – ВСС Архитектонски факултет (изработка и ревизија на урбанистичко-планска документација);
- Работно искуство: Со искуство во изработка на урбанистичко-планска документација и за апликација на огласот задолжително е инженерот да поседува: Овластување за изработка на урбанистичко – планска документација (Урбанистичко планирање);
- Познавање на Англиски јазик (пишување и комуникација);
- Компјутерски познавања: AutoCAD и MS Office.
Дополнителни квалификации/вештини/познавања:
- Способност за тимска работа, комуникациски и аналитички способности, организираност и систематичност во работата;
- Познавање и примена на законската регулатива во Република Северна Македонија.
Опис на работни задачи:
- Изработка и ревизија на урбанистичко-планска и проектна документација од областа на архитектурата.
Вашата биографија и мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:
- Електронски преку полето Брза Апликација;
- По пошта на адреса: ул. Борис Трајковски бр. 111 Скопје, најдоцна до 30.09.2022 година.