Vrabotuvanje.com - Општи работници - Скопје - ЕВРОПА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Општи работници

Скопје

Рок за пријавување:

AД Европа: Слатка бајка на вкусови кои гарантираат уживање

Уживајте во вкусот кој ги поминува границите и ги надминува вашите очекувања

AД Европа е компанија која остава свој белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи повеќе од 135 години, што ја прави една од најстарите компании во кондиторската индустрија на Балканот. Така, пренесувајќи го искуството и зголемувајќи го квалитетот низ повеќе генерации, таа станува она што е денес – стабилна индустриска компанија со продажба на своите производи на странски и домашен пазар.

АД ЕВРОПА објавува оглас за работно место 

ОПШТИ РАБОТНИЦИ

 

Задачи на работно место:

  • Собирање на производи од лента
  • Пакување на производи во поединечни и транспортни кутии
  • Лепење на декларации
  • Одржување на хигиената на работно место

За извршување на горенаведените работни задачи, вработениот треба да ги поседува следните услови и карактеристики:

  • ССС (завршено средно образование)
  • Брзина, прецизност, одговорност, ефикасност во работата
  • Насоченост на тимска работа  
  • Работно искуство во производство ќе се смета за предност​

Компанијата нуди:

  • Склучување на договор на определено време со можност за продолжување
  • Редовни месечни примања
  • Можност за учење и обука за повисоки работни места, напредување
 

Само избраните кандидати ќе бидат повикани на селективно интервју и тестирање.
Сите заинтересирани кандидати своите биографии може да ги достават преку полето Брза Апликација.​

Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во АД ЕВРОПА Скопје или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде