Vrabotuvanje.com - Градежен инженер за објекти од високоградба - Скопје - ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Градежен инженер за објекти од високоградба

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ

Елена Лука Хоум
има потреба од кандидат за следната работна позиција:

Градежен инженер за објекти од високоградба
 

Потребни квалификации:

  • ВСС - Дипломиран градежен инженер
  • Минимум 5 години работно искуство во изведба и надзор на објекти од високоградба
  • Овластување Б категорија за изведба
  • Овластување Б категорија за надзор
  • Познавање на работа на компјутер (AutoCAD, ArchiCad, MS Office, MS Project)
  • Подготвеност за теренска работа
  • Познавање на законската и подзаконската регулатива од областа на градежништвото
  • Познавање на англиски јазик

Главни обврски и одговорности:

  • Раководење со објекти, обезбедување и координирање на проекти и усогласување, контрола и синхронизација на сите фази на изведба
  • Следење на развојот на проектот и давање на насоки при изведбата
  • Одговорност за успешно и квалитетно изведување на објектите
  • Организирање на ресурсите (работна сила, опрема и материјали) и поставување приоритети
  • Познавање на постапката за изработка на основен проект и добивање одобрение за градење
  • Ја следи, реализира и врши проверка на квалитетот и количините на материјалите и ја потврдува нивната веродостојност вградена во месечните, годишните, збирните и други ситуации за извршените работи
  • Иницира подготвувањето на документацијата на изведената состојба за новоизградените објекти и спроведување на останатите активности во врска со техничките приеми и прегледи
  • Се грижи за навремено и квалитетно извршување на обврските, го набљудува процесот на реализација, го контролира процесот на реализација на објектот и презема најразлични активност за успешна реализација на објектот
  • Одлично познавање и примена на соодветни мерки за безбедност и здравје при работа за сите присутни на градилиштето
  • Комуникација со Инвеститорот, Надзорните органи и Подизведувачите и превземање иницијатива и активности во зависност од потребите
  • Поднесува детални извештаи за текот на работата до Управителот и Инвеститорот
  • Врши непосредна контрола и проверка врз изградбата во секоја фаза на градењето и подготвува месечен извештај за извршената контрола врз изградбата
  • Изготвува завршен извештај за извршениот надзор

Потребни вештини:

  • Одлични организациони и аналитички вештини
  • Одлично познавање на оперативни практики на градење
  • Способност за формирање и водење на тим
  • Способност за индивидуална и тимска работа, како и работа под притисок во динамична работна атмосфера
  • Транспарентна комуникација со колегите и со сите засегнати страни во компанијата
  • Предлагање и иницирање нови идеи и активност
  • Позитивно и ефективно прилагодување на промените на околностите
  • Подготвеност за работа во дадени рокови
  • Професионален однос кон работата
  • Посветеност, темелност, лојалност и одговорност

Компанијата нуди:

  • Работа во компанија со изграден имиџ во градежништвото
  • Стабилност и можност за личен развој
  • Градење успешна кариера
  • Можност за надградба на професионален план
  • Одлични услови за работа
  • Плата по договор

Позицијата подразбира работа од понеделник до петок со полно работно време од 8 часа, од 08:00 до 16:00 часот.

Доколку ги исполнувате горенаведените услови, Вашата молба заедно со Вашата Персонална биографија доставете ја преку полето Брза Апликација.

Сите пристигнати Биографии ќе се третираат со максимална доверливост и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.

За дополнителни информации кандидатите можат да ја контактираат службата за Човечки ресурси на моб. 070/406-600

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Градежништво, Геодезија и Геологија изнесува 25.150 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде