Vrabotuvanje.com - Дипломиран правник - Скопје - ГЕИНГ ДОО Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Дипломиран правник

Скопје

Рок за пријавување:

  • ГЕИНГ ДОО Скопје

 
 
Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје е компанија лоцирана во Македонија, која испорачува комплетни решенија од областа на геотехниката, хидротехниката, енергетиката, рударството, патната инфраструктура и заштитата на животната средина. Поради зголемен обем на работа Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје има потреба од вработување на:
 
Oглас за работна позиција: Дипломиран правник 
 

Минимум потребни квалификации: 
  • Образование: ВСС Правен факултет
  • Со работно искуство и познавање на позитивната национална легислатива (oблигационо, трговско, трудово право) 
  • Предност ќе имаат кандидатите со искуство во корпоративно право и/или јавни набавки 
  • Познавање на Англиски јазик
  • Познавање и работа со MS Office 
  • Возачка дозвола - Б категорија

Опис на работни задачи: 
  • Дава стручни појаснувања и мислења за примена и усогласеност со позитивната легислатива, изготвува анализи, информации;
  • Изготвува акти за уредување на односи, состојби и прашања со кои правното лице стапува во правниот промет;
  • Изготвува, толкува и анализира Договори за (тендери, вработени, надворешни соработници..);
  • По потреба проучува и прави стручна обработка на судските и другите предмети, учествува на рочишта, комуницира со нотари, извршители.
 
Вашата биографија и мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:
  • Преку полето Брза Апликација
  • По пошта на адреса: ул. Борис Трајковски бр. 111 Скопје најдоцна до 31.03.2023 година.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор. 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде