Алајанс Уан Македонија АД, Кавадарци објавува оглас за вработување на определено време од 1 година со можност за продолжување на следното работно место:
Сметководител
Бр. на извршители: 1
Краток опис на работните задачи:
- Води сметководствена евиденција.
- Изготвува периодични извештаи за тековните трошоци.
- Изготвува извештаи за релевантните државни институции.
- Учествува во изготвувањето на корпоративните периодични и годишни сметководствени извештаи.
Потребно образование:
- ВСС Економски науки: сметководство и ревизија, или сметководство и финансии и сл.
Работно искуство:
- Претходно работно искуство на позицијата сметководител, како и искуство со работа во САП апликацијата, ќе се сметаат за предност.
Други квалификации:
- Одлично познавање на говорен и пишан англиски јазик
- Одлично познавање на MS Office
- Поседување на возачка дозвола од Б категорија
Работното време изнесува 40 часа неделно од 8 до 16 часот
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги проследат до:
Алајанс Уан Македонија АД
Западен булевар, 105
1430 Кавадарци
или со електронска пошта на адреса: aoimk@aointl.com
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до 05/06/2023.
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на понатамошна постапка за селекција.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Алајанс Уан Македонија се стреми да го промени животот на луѓето и веруваме дека сите ние заеднички можеме да создадеме еден многу подобар свет. Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим, преку заедничка работа и градење на тимскиот дух