Vrabotuvanje.com - Референт за наплата на долгови - Скопје - ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Референт за наплата на долгови

Скопје

Рок за пријавување:

  • ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ


 

Credissimo е динамична високотехнолошка компанија основана во 2007 година и е една од компаниите со најбрзиот развој на FinTech/ФинТек/субјекти во небанкарскиот финансиски сектор во Европа.

Финансиско друштво КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје, со своите иновативни решенија и автоматизирани процеси, одговара на потребите на клиентите за краткорочно финансирање. Водени од желбата да бидеме максимално достапни, корисни и удобни за секој кој има потреба од користење на нашите услуги, бевме една од првите компании во Република Северна Македонија кои овозможивме аплицирање за кредит, целосно онлајн, како и моментално одобрување и исплата на средствата.

Ние во Credissimo, го продолжуваме нашиот брз развој и бараме Референт за наплата на долгови да се придружи кон нашиот успешен тим.

Референт за наплата на долгови

Главните задачи и одговорности за оваа позиција се:
  • Воспоставување на контакт преку телефон со должниците, за плаќање на побарувања за кои доцнат до 60 денови;
  • Да се користи флексибилен и индивидуален пристап во комуникацијата, во зависност од причината поради која должникот доцни со плаќање на својата обврска;
  • Да се применува различни видови стратегии и методи за наплата на достасани побарувања со цел постигнување на повисоки резултати;
  • Да се ажурираат добиените информации во специјализиран софтвер;
  • Да се контролираат договорените услови и обврски преземени од должниците за плаќање.
  • Да се следат плаќањата на должниците;
  • Да ги извршува своите должности во согласност со политиката на Друштвото и законските прописи;

Што ни е потребно за позицијата Агент за наплата на долгови:

  • Завршено средно/високо образование;
  • Одлично познавање и работа со компјутери- MS Office;
  • Претходното искуство во наплата на достасани побарувања во кредитна/финансиска институција ќе се смета за предност;

Што друго бараме во идниот кандидат - организација и мотивација за резултати, вештини за работа со различен тип луѓе, адаптивност во различни ситуации и казуси, желба за комуникација преку телефон.

Што нудиме:

  • Динамична средина во компанија со високи амбиции;
  • Можност за личен и професионален развој;
  • Реална плата и различни видови бонуси;
  • Динамична средина во компанија со големи амбиции;
  • Проширување на тимот и можност за развој на кариерата;
  • Договор за вработување со Credissimo на неопределено време, со пробен период од 6 месеци.
  • Можност да бидете дел од компанија која е објавена во Топ 10 на компаниите за алтернативно финансирање во Европа од European Fintech Awards;
 
Доколку сте заинтересирани за нашата понуда и ги исполнувате условите - испратете ни ја вашата кратка биографија преку полето Брза Апликација.
 

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Друштвото.

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во апликацијата да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје во рок од 6 месеца после завршување на процесот на регрутација. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.

 
Финансиско друштво КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје
ул. Максим Горки 11-1/4
1000 Скопје, Р.С. Македонија
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде