Vrabotuvanje.com - Келнер, Кувар, Рецепционер - Попова Кула Туризам, Демир Капија - Демир Капија - Винарска визба Попова кула
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Келнер, Кувар, Рецепционер - Попова Кула Туризам, Демир Капија

Демир Капија

Рок за пријавување:

  • Винарска визба Попова кула

Винарска Визба Попова Кула и лозовите насади се лоцирани на јужната падина на Велико Брдо, западно од прекрасното градче Демир Капија  во близина на автопатот Е-75.
Демиркаписката долина се наоѓа на југоисточниот дел од Тиквешкиот вински под регион, што е дел од Повардарискиот Регион.

Најстарите археолошки пронајдоци докажуваат дека луѓето во овој реон одгледувале винова лоза и произведувале вино во 13 век п.н.е.

За да останеме верни на традицијата и историското наследство на регионот, нашата винарска визба своето име го доби според една значајна кула, Попова Кула којашто некогаш служела како важна контролна точка на стариот Римски пат што поминува во близина на нашата локација.

Денес, ние сме единствениот производител во светот на вино од автохтоната македонска сорта Станушина. Исто така сме едни од малкуте винарски визби на Балканот кои произведуваат вино од сортите Прокупец, Жилавка и Темјаника. Не помалку важно е да напоменеме дека произведуваме и вино од сортата Вранец и како и останатите македонски произведители сонуваме за денот кога Вранецот ќе се промовира на светските пазари како идното големо црвено вино. Ве покануваме да ги пробате овие вина. Сигурни сме дека ќе бидете пријатно изненадени.

Во моментов, имаме потреба од следната работна позиција:

КЕЛНЕР
КУВАР
РЕЦЕПЦИОНЕР

 

Потребни квалификации:

  • Добро познавање на англиски јазик
  • Пожелно работно искуство од минимум 1 година во областа на угостителството
  • Трудољубива, одговорна и посветена личност
  • Способност за тимска работа

Ние нудиме:

  • За кандидати од друг град ќе биде обезбедено сместување
  • Одлична плата и услови за работа
  • Можност за унапредување


Доколку сте заинтересирани, испратете ги Вашите пријави преку полето Брза Апликација, или контактирајте не на 075 424 650.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде