Vrabotuvanje.com - Референт за сметководствено работење (оддел Финансии) - Скопје - ЛИБЕРТИ АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Референт за сметководствено работење (оддел Финансии)

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЛИБЕРТИ АД Скопје


Групацијата LIBERTY Steel Group, како дел од GFG Alliance, е глобална компанија за челик и рударство со над 30.000 вработени на повеќе од 200 локации на четири континенти. Тоа е меѓународен бизнис со интегрирана понуда - од производство на течен челик направен од суровини и рециклирани материјали до челици со голема прецизност и придружни услуги, достапни за клиенти ширум светот.

Либерти Скопје, како дел од Либерти Стил Групацијата, е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани, поцинкувани и пластифицирани производи, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар. Ние веруваме дека нашата позиција во челичната и рударската индустрија носи уникатни можности.

За потребите на нашата компанија, односно одделот за Финансии, ги покануваме сите заинтересирани лица да аплицираат за следната позиција:

Референт за сметководствено работење (оддел Финансии)

Клучни одговорности:

  • Комплетно водење на сметководственото работење, пожелно познавање на книжење на увозна и царинска документација
  • Книжење на финансиската документација и банкови изводи
  • Учество во изработување на редовни месечни, квартални и годишни анализи и извештаи во согласност со утврдените правила на компанијата
  • Останати сметководствени активности во согласност со сметководствените стандарди и принципи, како и со сите релевантни закони и прописи
  • Уредно водење на документацијата во согласност со сметководствените стандарди
  • Комуникација со клиенти и усогласување на сметководствени состојби
  • Следење на поставените правила и процедури на работење
  • Други задачи по барање на претпоставен или повисок менаџерски тим.

Потребни квалификации:

  • Економист, пожелно високо образование
  • Пожелно поседување на лиценца за овластен сметководител
  • Работно искуство во областа
  • Познавање на англиски јазик
  • Одлични комуникациски вештини, способност за работа во тим
  • Професионална екпертиза
 
Што нудиме:
Динамична работна средина во која се стимулира учење и професионален развој. Конкурентен надомест како и ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ.
 
 
Доколку барате можност за работа на предизвикувачки проекти, со цел да влијаете на бизнисот на позитивен начин, Ве повикуваме да ја доставите Вашата професионална биографија - CV преку полето Брза апликација.
 

Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција. Кандидатите можат да ја повлечат својата дозвола за обработка на нивните лични податоци во секое време со испраќање на известување на електронската пошта: HRJobs.Skopje@libertysteelgroup.com

Либерти Скопје е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на

нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде