Vrabotuvanje.com - Готвач / Помошник Готвач / Салатер - Ресорт Маврово, с.Маврово - Ресорт Маврово
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Готвач / Помошник Готвач / Салатер

Ресорт Маврово, с.Маврово

Рок за пријавување:

  • Ресорт Маврово

Ние сме планински ресорт, едно сме со природата, работиме и живееме за планината. Нашите гости се наше најголемо богатство и наша мисија е нивната среќа. Ресорт Маврово (Хотел Бистра, Хотел Спорт и Хотел Смрча,  Ски Центар Маврово) е место за одмор и рекреација на фамилии со деца, спортски припреми на професионални спортски организации и канцеларија за работа на индивидуалци и организации во сите годишни времиња.

Нашите вработени се нашето лице на љубезност, гостопримство и беспрекорна услуга поради кои, гостите доаѓаат како гости, а си заминуваат како наши пријатели.

Доколку сакаш да бидеш дел од нашиот тим и да работиш во чиста планинска средина, аплицирај за некоја од отворените работни позиции:

ГОТВАЧ / ПОМОШНИК ГОТВАЧ / САЛАТЕР
(Можност за сезонска работа или за подолго)

 

Работни одговорности на Готвач во Ресорт Маврово:

  • Подготвува храна во согласност со нарачките од гостите во ресторанот (шведска маса, пансионски оброци, a la carte);
  • Подготвува оброци за вработените;
  • Економично управува со залихите на производи;
  • Ја организира работата во кујна во неговата / нејзината смена во согласност со насоките кои ги дава Шефот на кујна;
  • Други одговорности соодветни на работното место Готвач.

Работни одговорности на Помошник готвач во Ресорт Маврово:

  • Подготвува храна во согласност со нарачките од гостите во ресторанот, како и за вработените;
  • Работа на скара, фритези, припреми за нарачки за нареден ден;
  • Се грижи за одржување и хигиена во работниот простор согласно стандардите;
  • Помага при извршување на задачите зададени од главниот готвач;
  • Други одговорности соодветни на работното место Помошник готвач.

Работни одговорности на Салатер во Ресорт Маврово:

  • Подготвува салати во согласност со нарачките од гостите во ресторанот и се грижи за одржување на суровините потребни за истите;
  • Се грижи за одржување и хигиена во работниот простор согласно стандардите;
  • Помага при извршување на задачите зададени од главниот готвач;
  • Други одговорности соодветни на работното место Салатер.

Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:

  • Организациски вештини;
  • Проактивна, вредна и енергична личност;
  • Одговорност и посветеност кон работата,
  • Лојалност и чесност;
  • Тимски играч и колегијалност;
  • Работа под притисок и мултитаскинг, личност која има решение за секој предизвик;
  • Желба за личен раст и развој;
  • Брзина и спретност;
  • Педантност во работатa.

Потребни квалификации и одговорности:

  • Искуство во работење во кујна
  • Одлично познавање на македонска и странски кујни;
  • Способност за работа со шведска маса, пансионски оброци и ‘A la carte’;
  • Работа во две смени.

Доколку станете наш вработен добивате:

  • Основна плата + Додатоци на плата согласно Закон за работни односи (минат труд, работа во недела, работа на празник, прекувремено работно време);
  • Сместување и 3 оброци дневно;
  • 8 слободни денови во месецот;
  • Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
  • Бесплатна карта за жичарница во денови кога работи жичарницата;
  • Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.

Локација:  Ресорт Маврово – Маврово

Тип на вработување: Полно работно време

Како да аплицирате:

Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо преку Брзата Апликација и во Subject наведете за кое работно место аплицирате, Готвач, Помошник готвач или Салатер.
Контакт телефон: 072 809 999

Рок за пријавување на огласот: 03.05.2024

Disclaimer:

  • Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
  • Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
  • Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
  • Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.
     
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Туризам и Угостителство изнесува 20.094 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде