Vrabotuvanje.com - Супервизор на Рецепција / Рецепционер/ка - Ресорт Маврово, с.Маврово - Ресорт Маврово
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Супервизор на Рецепција / Рецепционер/ка

Ресорт Маврово, с.Маврово

Рок за пријавување:

  • Ресорт Маврово

Ресорт Маврово го проширува својот тим.

Ресорт Маврово има потреба од следнава работна позиција:
 

СУПЕРВИЗОР НА РЕЦЕПЦИЈА / РЕЦЕПЦИОНЕР/КА
(Можност за сезонска работа или за подолго)

 

Работни одговорности на Супервизор на Рецецпција и резервации во Ресорт Маврово ДОО:

  • Го планира, организира и контролира секојдневното работење;
  • Одговорен/на за материјалното и финансиското работење на Рецепција и резервации;
  • Ориентиран/а кон исполнување на барањата на гостите;
  • Ги максимизира сите можности за продажба понудени од страна на хотелот;
  • Ја организира работата на Рецепционерите и Агентите за резервации; ги унапредува нивните вештини; учествува во интервјуа за нови вработени;
  • Изготвување различни извештаи и коресподенција помеѓу сите сектори во хотелот;
  • Одлично го познава софтверот за работа;
  • Други одговорности соодветни на работното место Супервизор на Рецепција и резервации.

Работни одговорности на Рецепционер во Ресорт Маврово:

  • Ги пријавува и одјавува гостите во хотелот;
  • Љубезно одговара на барањата на гостите во текот на нивниот престој;
  • Изготвување извештаи и кореспонденција помеѓу сите сектори во хотелот;
  • Прави резервации, одговара на телефонски повици и е-маил пораки;
  • Работи со наплата на добра и хотелски услуги;
  • Други одговорности соодветни на работното место Рецепционер.

Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:

  • Ориентиран кон задоволство на гостите;
  • Да е љубезна, ведра и насмеана личност;
  • Лојалност и чесност;
  • Проактивна, вредна и енергична личност;
  • Одговорност и посветеност кон работата,
  • Високо ниво на комуникациски вештини;
  • Тимски играч и колегијалност;
  • Работа под притисок и мултитаскинг, личност која има решение за секој предизвик;
  • Желба за личен раст и развој.

Потребни квалификации:

  • Претходно искуство како Рецепционер од мин. две години е значајна предност;
  • Познавање на англиски јазик (говор и пишување). Познавање на албански или друг јазик се смета за предност;
  • Минимум ССС (високо образование се смета за предност);
  • Вештини за работа на компјутер;
  • Работа во три смени.

Доколку станете наш вработен добивате:

  • Основна плата + Додатоци на плата согласно Закон за работни односи (минат труд, работа во недела, работа на празник, прекувремено работно време);
  • Сместување и 3 оброци дневно;
  • 8 слободни денови во месецот;
  • Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
  • Бесплатна карта за жичарница во денови кога работи жичарницата;
  • Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.

Локација:  Ресорт Маврово – Маврово

Тип на вработување: Полно работно време

Како да аплицирате:

Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо преку Брзата Апликација и во subject наведете Супервизор на рецепција или Рецепционер/ка.
Контакт телефон: 072 809 999

Рок за пријавување на огласот: 03.05.2024

Disclaimer:

  • Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
  • Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
  • Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
  • Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Туризам и Угостителство изнесува 20.094 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде