Vrabotuvanje.com - Тим лидер - Скопје - АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
 

ARC автомобилската индустрија, АД е глобален лидер во дизајн, развој и производство на инфлатори за автомобилски воздушни перничиња. Со 70 годишно искуство  на дизајн, експертиза и технологија, ARC е посветена на обезбедување на клиентите со иновативни, високо квалитетни производи,
 
 
АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје бара да вработи:

Тим лидер

Тим лидерот ќе биде дел од тимот за производство, но ќе има соработка и со секторот за одржување, секторот за квалитет, секторот за логистика и материјали и секторот за човечки ресурси. Треба да се грижи за заштита на животната средина, безбедност и здравје при работа, како и да развива добри односи со вработените и да биде отворен за нови знаења.

Основна нето плата изнесува од 33.000,00 МКД до 37.000,00 МКД + сите додатоци на плата согласно Закон за работни односи и месечен бонус за редовност во износ од 2.000,00 МКД.

Работата се извршува во три смени со обезбеден топол оброк во сите смени и организиран превоз од Скопје, Куманово, Велес и Свети Николе до просториите на компанијата

 
Квалификации на кандидатите:
  • IV степен на стручна подготовка (бизнис или техничко училиште)
  • работно искуство до 3 години во областа на производството во автомобилската индустрија
  • компјутерски вештини, одлично познавање на Microsoft Office
  • познавање на Англиски јазик
  • поседува одлични комуникациски вештини

Работни задачи :

  • да врши контрола на вработените во неговиот/нејзиниот тим и да им дава работни задачи согласно насоките дадени од супервизорот и менаџерот на секторот за производство
  • да ги идентификува и решава проблемите кој се појавуваат при распоред на производството и протокот на дојдовните материјали
  • да врши анализи на залихите на компоненти за да може да обезбеди усогласеност со утврдените цели
  • да доставува месечни извештаи до надлежните
Конкурентски предности:
  • Висок степен на одговорност, ефективност и ефикасност
  • Организациски способности
  • Динамичност, мотивираност, иницијативност
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Тимско работење и кооперативност
 
Кандидатите треба да ја приложат следнава документација:
  • Мотивациско писмо за аплицирање на огласот.
  • Биографија (CV).
  • Доказ за завршено образование.
  • Дополнителни дипломи и сертификати.

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.

АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува сите соодветно квалификувани кандидати, без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување .

Документите треба да се достават до „ АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје со назнака за “ Тим лидер” до Сектор за управување со човечки ресурси на e-mail: jobs@arcautomotive.com.mk најдоцна до 03.05.2024.

Со Вашето доставување на CV се согласувате Вашите податоци да бидат задржани во нашата база и истите можат да бидат обработувани во период од 12 месеци од денот на истекот на рокот за избор. Имате право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на вашите лични податоци согласно ЗЗЛП, со обaќање на e-mail: jobs@arcautomoive.com.mk

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде