Vrabotuvanje.com - Дистрибутер - Скопје - ПАКОМ КОМПАНИ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • ПАКОМ КОМПАНИ ДООЕЛ

 

Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје, е членка на М САН групација, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија, потрошувачка електроника и емобилност. Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.

Дистрибутер

Што добивате:

  • Конкурентна плата;
  • Работни денови од понеделник до петок;
  • Компаниско колективно осигурување од повреда при работа во и вон работно време,
  • Исплата на годишен регрес;
  • Службен телефон;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибира фирматa;
  • Можност за присуство на спортски активности, тим билдинг и останати настани и активности организирани од страна на компанијата;
  • Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне;
  • Работа во интернационaлна групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;
  • Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата

Работни задачи:

  • Подготовка на роба и возила за достава;
  • Редовно и совесно следење на потреби за сервисирање на товарен возен парк и возила и нивно одржување;
  • Подготовка и превземање на превозна документација;
  • Возење и достава на роба во Скопје и на територија на С. Македонија.

Од кандидатот очекуваме: 

  • Завршено ССС;
  • Претходно искуство со возење и достава;
  • Возачка дозвола C категорија ќе се смета за предност;
  • Познавање на меѓуградски патишта низ С. Македонија;
  • Познавање и работа на компјутер;
  • Поседување лиценца за управување со виљушкар ќе се смета за предност;
  • Упорност, флексибилност, истрајност и совесност во работењето;
  • Високо ниво на одговорност и концентрација;
  • Адаптибилност и можност за работа во тим.

Рок на аплицирање до 09.05.2024 година.

Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Сообраќај и Транспорт изнесува 24.623 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде