Vrabotuvanje.com - Магацински работник - Куманово - БУЧЕН КОЗЈАК ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Магацински работник

Куманово

Рок за пријавување:

  • БУЧЕН КОЗЈАК ДОО
  • Адреса: Козјачка бр. 11 Доброшане, 1300 Куманово
  • Веб страна: http://www.bucenkozjak.mk

Млекара Бучен Козјак ДОО, со производствени капацитети во Куманово е компанија која повеќе од 35 години се занимава со преработка и производство на млеко и млечни производи по традиционална рецептура.

Природниот вкус на производите е тоа што ја прави млекарницата препознатлива на пазарот. Долгогодишното постоење на „Бучен Козјак“ зборува за дисциплинираноста во работењето, а сето тоа е препознаено од страна на потрошувачите и е наградено со нивната доверба. Она што Бучен Козјак го прави препознатлив бренд е производството на квалитетни млечни производи кои се создаваат во креативна работна атмосфера.

Бучен Козјак ја негува својата политика за квалитет, посветено работи кон остварувањето на поставените цели и се стреми кон усовршувањето на производствените капацитети и персоналот, како и унапредување на работната атмосфера.

Бучен Козјак го проширува својот тим и е во потрага по динамични и енергични кандидати.
 
 

МАГАЦИНСКИ РАБОТНИК
Локација: Куманово

ОПИС НА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА

  • Грижа за магацин;
  • Примање и процесирање на роба;
  • Евиденција на влез, излез и состојба на роба;
  • Вршење попис на робата.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршено средно образование;
  • Познавање на работа со компјутер;
  • Со или без работно искуство;
  • Желба за работа и способност за работа во смени;
  • Возачка дозвола Б - категорија.

НИЕ ВИ НУДИМЕ

  • Конкурентна плата (додаток за работа во недела, празници и минат труд, бонуси за редовност, регрес, ваучер за склучување на брак, за новороденче, јубилејни награди и признанија);
  • Превоз;
  • Колективно здравствено осигурување;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Подароци за празници;
  • Можност за учење и напредување.
 


Сите заинтересирани кандидати можат да испратат кратка биографија преку полето Брза Апликација, или да се јават ја достават својата апликација во фабриката во населба Доброшане.

Само кандидати кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде