Vrabotuvanje.com - Асистенти за продажба - Скопје - Fashion Group
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Асистенти за продажба

Скопје

Рок за пријавување:

  • Fashion Group

Fashion Group повеќе од 20 години важи за најголема малопродажна модна групација во земјава, а во нејзиното портфолио ќе најдете некои од најголемите светски реномирани брендови како Hugo Boss, Diesel, Guess, Bitsiani, Mango, Springfield, Okaidi, Superdry, Timberland и други. Нашата цел од самиот почеток, па сè до денес е да му овозможиме на секој наш клиент да го изгради личниот стил и да експериментира со истиот, одбирајќи ги парчињата на светските брендови.

Нашите вредности го рефлектираат она вистинското на компанијата, но и на сите брендови чии франшизи ги претставуваме – воздигнувањето на личниот стил над модата со помош на уникатните сезонски колекции.

Вработените во нашата компанија чиј број постојано се зголемува, се тим индивидуалци и креативци кои постојано работат на развивање нови идеи за соодветно претставување на вредностите на компанијата. Постојано се обидуваме да го пронајдеме најдоброто во нашите вработени и заедно да работиме на нивните амбиции, бидејќи кога се инвестира во нивниот развој, не само што го зголемуваме нивниот професионален капацитет, туку и ја зголемуваме и успешноста на целата наша организација.

Fashion Group има потреба од:

Асистенти за продажба

Главни обврски и одговорности:

  • Директна продажна на артиклите на брендот во продажниот објект преку одговорна, професионална и проактивна комуникација со купувачите
  • Асистирање на купувачите при изборот на артиклите
  • Дополнување на продадените артикли на дневно ниво
  • Одржување на хигиената во продажниот објект на дневно ниво
  • Соработка со останатите членови на тимот со цел да се постигнат посакуваните резултати

Образование, работно искуство и вештини:

  • Минимум средно образование
  • Пожелно претходно работно искуство на иста или слична позиција
  • Одлични комуникациски вештини
  • Основно познавање на работа со компјутери
  • Флексибилност
  • Способност за тимска работа
  • Одговорност и посветеност

Нудиме:

  • Можност да бидете дел од Компанија со одлична работна атмосфера
  • Конкурентна заработка + дополнителни бонуси за остварени резултати
  • Можност за дополнително развивање и усовршување преку обуки и семинари
  • Попусти за вработените на нашите производи

Сите заинтересирани кои ги исполнуваат посочените услови да достават кратка биографија преку полето Брза Апликација.

 
 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде