Vrabotuvanje.com - Администратор за продажба - Скопје - СПОРТ ВИСИОН ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Администратор за продажба

Скопје

Рок за пријавување:

  • СПОРТ ВИСИОН ДООЕЛ


 

Спорт Висион има потреба од професионални, комуникативни и креативни

луѓе кои сакаат да станат дел од меѓународна компанија која нуди континуиран развој и унапредување. Објавуваме оглас за вработување на 

Администратор за продажба

Потребни квалификации:

  • Работно искуство: на иста или слична позиција ќе се смета за предност
  • Способност за тимска работа и флексибилност

Главни задачи:

  • Административно техничка поддршка на бренд менаџерите и регионалните менаџери (дополнување и поделба на роба, нивелации);
  • Проверка на извозот на дневните пазари;
  • Проверка и следење на залихи на роба и средување на разлики во интерни IT апликации;
  • Го следи движењето на робата преку налозите за префлање на роба и ги корегира евентуално настанатите разлики;
  • Ја следи робата која се праќа во транзитен магацин;
  • Ги евидентира извезените вишоци и мањаци од подружниците;
  • Изработува нивелации и ги испраќа до подружниците;
  • Дополнува броеви и префрла роба која е одобрена од страна на бренд менаџерите;
  • Внесува нарачки;
  • Ажурирање на попусти во интерни апликации;
  • Разменува информации со подружниците во однос на задолжување со роба; финансиски разлики, отписи;

 

Доколку сметате дека ги поседувате наведените квалификации, ве охрабруваме да аплицирате и да ја искористите можноста да бидете дел од професионална и динамична екипа која е навикната да ги поместува границите и да остварува феноменални резултати!

Ако се препознавата во бараниот профил, ја очекуваме Вашата апликација да ја испратите преку полето брза апликација до 30.04.2024 година со назнака Администратор за продажба.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде