Vrabotuvanje.com - Магационер – Спремач на роба - Скопје - АТОМЕМ ДОО СКОПЈЕ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Магационер – Спремач на роба

Скопје

Рок за пријавување:

  • АТОМЕМ ДОО СКОПЈЕ


Од самото основање па се до денес, Нашата компанија АТОМЕМ ДОО е компанија која овозможува врвна услуга во областите на продажба, дистрибуција и логистика користејќи ги најсовремените идеи, можности и ресурси.

Во своето долгогодишно работење, покажуваме професионалност, ориентираност кон нашите деловни партнери, како и обезбедување максимална дополнителна вредност за финалните потрошувачи. Долгогодишното искуство и доверба помеѓу домашните и странските соработници, на нашата компанија и овозможуваат стабилен и перманентен раст, комбиниран со позитивна енергија, флексибилност и креативност.

Огромното искуство овозможи технолошка комплетна понуда на напредни производи и врвен квалитет, поткрепени со стандарди за еколошка безбедност и заштита на човековата средина. Супериорната визуелна препознатливост на продажните места, потполното задоволство на потрошувачите и победничкиот дух на нашиот продажен тим остануваат нашите главни приоритети во тековното успешно работење.

Атомем ДОО Скопје во моментов има потреба од следната работна позиција:

МАГАЦИОНЕР – Спремач на роба

Услови:

  • Познавање на работа во WMS систем – магацинско работење по локации
  • Работно искуство во дистрибутивен магацин
  • Место на живеење - Скопје

Личен профил:

  • Комуникативност, организираност и одговорност
  • Динамично лице
  • Способност за тимска работа
  • Способност за работа со дадени рокови и работа под притисок

Одговорности и задачи:

  • Одговорен за навремено и точно пикирање на производите во магацинот
  • Подготовка на нарачки, пакување
  • Внимателно ракување со производите
  • Рационално користење на магацинскиот простор
  • Познавање на работа со PDA уред
  • Извршува сродни работи по налог на претпоставен раководител

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа
  • Атрактивна плата
  • Можност за напредок
     

Огласот е активен 15 дена од денот на објавувањето.

Вашата професионална биографија (CV) и Писмо за мотивација можете да ги испратите преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака на апликацијата „за Магационер“.
 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде