Vrabotuvanje.com - Програмер - Скопје - СИГМА-СБ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • СИГМА-СБ ДООЕЛ
  • Адреса: Лондонска бр.19, локал 35, 1000 Скопје
  • Веб страна: https://sigmasb.com.mk/

 

Сигма-СБ е специјализирана компанија за имплементација на IT решенија за компаниски менаџмент чиј производ е познатиот деловен софтвер SSB ERP. Сигма-СБ врши оптимизација на финансиското работење, набавките, производството, логистиката, продажбата, магацинското работење (WMS), како и на останати други процеси во компаниите, со цел зголемување на нивните приходи и маржи, намалување на времето за реализација, трошоците и губитоците и подобрување на достапноста на нивните производи и услуги. Основана во 1995 год, Сигма-СБ e добро позната регионална компанија која зад себе има докажана реализација на успешни проекти за познати големи регионални и македонски компании. 

Повеќе на www.sigmasb.com.mk

Сигма-СБ објавува оглас за вработување со полно работно време за работно место:

 

ПРОГРАМЕР


Квалификации: 

  • Искуство со програмирање во Delphi 
  • Искуство со Т-SQL програмски јазик
  • Искуство со MS SQL Server база на податоци
  • Способност за брзо навлегување и прифаќање на веќе изработени проекти и продолжување на развој на постоечки апликативни решенија

Kлучни задачи и одговорности:

  • Изработка на парцијални или нови програмски решенија
  • Изработка на репорти
  • Учествува во осмислување на техничко решение на дефиниран бизнис процес кој треба да се доработи и имплементира
  • Учество во дебагирање и решавање на инциденти поврзани со SQL или извршен код
  • Темелно тестирање на секоја завршена задача или операција
  • Навремено пријавување на настанати проблеми при релизација на задачи
  • Самостојно и совесно извршување на секоја задача
  • Самоиницијативност и контрола на сопствениот квалитет на извршување и запазување на договорените рокови
  • Способност за работа во тимска околина и тесна соработка со Бизнис аналитичари

Карактеристики: 

  • Да демонстрира припадност кон тимот
  • Прилагодливост кон промени во задачите и окружувањето
  • Исполнителност и одговорност кон доделените задачи
  • Искреност и отворена комуникација

Предност би имале кандидатите кои го имаат дополнително и следното искуство:

  • Изработка на финансиски и ERP апликации (материјално, финансово, плата...)
  • Работа на Web апликации
  • Искуство со Visual Studio C#, asp.net
  • Активното користење на Англиски јазик 

Работно време

  • Редовно работно време на Сигма-СБ е од 08-16ч. од понеделник до петок
  • За објавеното работно место можна е работа од далечина

Пријавување

Испратете кратка биографија (CV) и мотивациско писмо преку полето Брза Апликација со предмет на пораката: „Програмер”

Начин на избор

Изборот на кандидати ќе се врши врз основа на доставена документација и интервју. Сите апликации ќе бидат разгледани и оние кандидати кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани во понатамошниот процес на селекција. Сите кандидати ќе добијат известување за статусот на нивната апликација 7 дена по завршување на огласот.

Рок за пријавување:  02.05.2024


Со испраќањето на Вашата кратка биографија(CV) и мотивациско писмо, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на СИГМА-СБ.
 
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на посочената електронска пошта.
 
 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде