Vrabotuvanje.com - Продавач - магационер - Скопје - БЛАЖИЧ ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Продавач - магационер

Скопје

Рок за пријавување:

  • БЛАЖИЧ ДОО
  • Адреса: Качанички пат бб, Индустриска зона Визбегово, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://www.blazic.eu
 

 

Блажич е специјализирана компанија со седиште во Љубљана која е водечки дистрибутери на кант траки во Европа и ексклузивен застапник на бројни реномирани брендови на репроматеријали за индустријата за мебел за пазарите на Словенија, Европа и Балканот. На македонскиот пазар целиме кон достигнување на врвната позиција во однос на квалитет и препознатливост. Покрај во Словенија, компанијата Блажич е присутна во балканските држави со трговија на големо и мало. Изложбено-продажниот и магацинскиот простор во Македонија се наоѓа во Индустриската зона Визбегово во Скопје, со понуда на широк асортиман на репроматеријали, конструктивен и функционален оков за индустријата за мебел, како и декоративна галантерија за опремување на ентериери. 

БЛАЖИЧ – реномиран ЕУ бренд за репроматеријали за мебел за својот тим во БЛАЖИЧ Скопје на Качанички пат бб, Индустриска Зона Визбегово има потреба од:
 

ПРОДАВАЧ - МАГАЦИОНЕР
 
 
Одговорности: 
  • Квантитативен и квалитативен прием на стока и ускладиштување
  • Изготвување и следење на магацинска документација во интегрирано софтверско решение
  • Припрема и издавање на стока
  • Директна продажба во малопродажба и големопродажба
  • Одржува активна комуникација  со клиенти во однос на релизирање на нивните барања
  • Останати задачи за унапредување на системот

Квалификации:

  • Средно образование IV степен
  • 3 год искуство во магацинско работење
  • Елементарно познавање на англиски јазик+јазици од регион
  • Средно ниво на MS Office ,работа со интегрирани софтверски апликации за магацинско работење;
  • Возачка дозвола (Б);
  • Организираност,проактивност,запазување на рокови,исполнителност,одговорност и лојалност
Работно време: понеделник-петок, слободни викенди
 

Кандидатите да испратат писмо на интерес и CV преку Брзата Апликација.

Напомена:
Без телефонски јавувања! 
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.  
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде