Vrabotuvanje.com - Претставник за продажба - Скопје - Инвенсис Дооел Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Претставник за продажба

Скопје

Рок за пријавување:

  • Инвенсис Дооел Скопје

ИНВЕНСИС Дооел е компанија основана во 2011-та година со основна дејност проектирање, продажба, изведба, сервисирање, монтажа и одржување на индустриски јавни, деловно административни и станбени/ индивидуални објекти од областа на климатизација, вентилација и греење. Имаме потреба од:

 

ПРЕТСТАВНИК ЗА ПРОДАЖБА

РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Продажба на уреди за климатизација, првенствено од брендот Samsung, развој и имплементирање на алатки и процеси за продажба;
  • Остварување на продажни таргети согласно плановите за продажба (месечни, квартални, годишни);
  • Одржување редовни состаноци со клиенти и комуникација со менаџментот на Samsung –Хрватска-Холандија;
  • Истражување и анализирање на пазарни податоци (следење на пазарот на климатизација, цени, брендови и сл);
  • Соработка и управување со постојни и потенцијални/таргетирани купувачи на мали клими наменети за домаќинствата и системи за климатизација за индустријата првенствено за брендот Samsung;
  • Препознавање на потребите на клиентите, подготовка на понуда за соодветна услуга и склучување на договори;
  • Водење преговори со клиентите, договарање на услови и начини на соработка

ОД ИЗБРАНИОТ КАНДИДАТ ОЧЕКУВАМЕ:

  • Активно познавање на англиски јазик (говор и пишување);
  • Одлично познавање на работа со компјутери;
  • Поседувате возачка дозвола Б категорија
  • Предност ќе имаат кандидати кои имаат искуство во продажба;
  • Проактивен и аналитички пристап при работењето;
  • Способност за самостојна работа;
  • Добри организациски способности, комуникативна и одоговорна личност;
  • Поседувате продажни и преговарачки вештини

ШТО ДОБИВАТЕ:

  • Конкурентна нето плата: фиксен дел + бонуси;
  • Работа со современи технологии;
  • Работите 40 часа неделно, во просториите на компанијата и на терен, во рамки на работните задачи и активности;
  • Работа во стимулативна средина со професионални предизвици;
  • Динамична работа, можност за личен и стручен развој;
 
 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде