Vrabotuvanje.com - Трговски претставник - Скопје - Интерстаб Инженеринг
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Трговски претставник

Скопје

Рок за пријавување:

  • Интерстаб Инженеринг

Нашата компанија ги претставува светските лидери во идентификација на производи, индустриски печатачи и машини за етикетирање.

Компанијата инсталира, одржува машини и обезбедува комплетни технички решенија на некои од најпознатите локални и светски производители од сите гранки на прехранбената индустрија, екструзија и пошироко. Поради проширувањето на своите активности, компанијата има потреба од енергичен и одговорен:

Трговски Претставник

Неговата Улога:

  • Ја развива и одржува мрежата на клиенти во доделениот регион - спроведува продажни состаноци и разговори со сегашни и потенцијални клиенти со цел да развива деловни можности
  • Претставува производи и нуди опсег на производи и услуги погодни за клиентите, специфицирајќи ги специфичните барања на клиентите
  • Претставува понуди и договори на клиентите, следејќи ги нивните квалитетни перформанси и обезбедувајќи уредност на комерцијалната документација
  • Го следи и соопштува исполнувањето на обврските кон клиентите по склучени договори до нивното склучување, и воедно одржува комуникација со техничкиот оддел
  • Ја следи и оценува состојбата на пазарот и постојано ги ажурира достапните информации за активностите на конкурентските компании
  • Учествува во развојот на комерцијалните стратегии и маркетинг кампањите на компанијата
  • Помага и ги насочува клиентите до соодветните одделенија кога се потребни конкретни прашања и/или технички решенија​

Профилот:

  • Средно/Високо образование, со техничка или економска ориентација е предност
  • Професионално искуство – 1-2 години, во продажба
  • Високо познавање на англиски јазик
  • Многу добра компјутерска писменост
  • Аналитичко размислување и ориентација кон клиентите
  • Комуникациски, продажни и презентациски вештини
  • Возачка дозвола и подготвеност за патување

Компанијата нуди:

  • Приклучување на млад и динамичен тим
  • Учество на специјализирани обуки на меѓународни добавувачи и можност за постојано професионално усовршување
  • Соодветно наградување и бонус шема врзана за постигнатите резултати

Доколку напишаното одговара на вашите професионални интереси и мислите дека тоа е можност за успешна кариера, испратете ја вашата апликација преку полето Брза Апликација  до 25.05.2024година

Само одбраните кандидати ќе бидат поканети на интервју!

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Маркетинг, ПР и Медиуми изнесува 28.527 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде