Vrabotuvanje.com - Помлад Аналитичар - Скопје - ВИТАЛИА Никола и др. доо
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Помлад Аналитичар

Скопје

Рок за пријавување:

  • ВИТАЛИА Никола и др. доо

ВИТАЛИА Никола ДОО, лидер во производство на здрава храна во регионот го проширува тимот.

Зошто Виталиа?

Затоа што веруваме во нашата мисија, со создавање на здрава храна да креираме здрави идни генерации. Затоа што сме тим на професионалци кои го живеат истиот сон: македонски производ препознает во 55 земји ширум светот. Сите области на Компанијата, од производство до продажба, имаат заедничка цел: да креираме потполно задоволство на клиентите, да им понудиме и да ги поттикнеме кон подобри нешта. За подобро утре!

Бараме

Помлад Аналитичар

Како ќе Ве препознаеме:

  • Имате завршено Економски факултет
  • Задолжително знаење од напреден excel
  • Познавање од Power Bi е предност
  • Самоиницијативноста и подготвеноста за учење ви се јаки лични карактеристики
  • Го владеете англискиот јазик на високо ниво
  • Самоуверени сте во работата со пакетот MS Office

Цел и одговорност на работното место:

  • Изнаоѓа и применува напредни методологии за инженеринг на трошоци
  • Изготвува редовни аналитички извештаи
  • Извршува контрола на реалните и предвидени трошоци поврзани со поголеми проекти
  • Врши оптимизација на ресурсите на компанијата
  • Предвидувања на трошоци, изготвува симулации со избор на повеќе опции, предлага решенија со најголеми заштеди

Виталиа го почитува трудот на вработените и истиот го вреднува преку пакет бенефиции и бонуси на квартално и годишно ниво.

Обезбедуваме континуирана обука за надградување на работните вештини, пријатна работна средина и топол оброк.

Доколку сакате да бидете член на нашиот успешен тим и сте подготвени да го прифатите предизвикот, испратете ни ја вашата кратка биографија (CV) преку Брзата Апликација.

Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде