Vrabotuvanje.com - Сервисер на апарати - Скопје - Mozzart
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Сервисер на апарати

Скопје

Рок за пријавување:

  • Mozzart

Како најголем приредувач на игри на среќа во Југоисточна Европа, повеќе од две децении одговорно ја градиме нашата репутација. Нашите почетоци се во 2001 година, со седиште во Белград, за подоцна да ја прошириме работата на уште 10 пазари. Со повеќе од 1.200 работни места и над 5.500 вработени, ние сме апсолутен регионален лидер во оваа индустрија. Посветени сме на развивање и негување на стручноста на нашите вработени, а истовремено се грижиме за напредокот во кариерата. Постојано го подобруваме нашето работење и услуги, следејќи го напредокот во технологијата и поттикнувајќи ги иновациите. Со општествено одговорна работа и грижа за вработените, внимателно изградивме репутација на најпосакуван работодавач.

За потребите на нашата компанија потребен ни е
СЕРВИСЕР НА АПАРАТИ

Основни должности:
  • Сервис и одржување на апарати
  • Подесување на работата на апаратите
  • Работа на SAS сервер
  • Преместување на апарати по барање на менаџментот
  • Kонтрола на апаратите
Услови:
  • Средна стручна спрема, техничка насока
  • Пожелно е 2 години работно искуство на исти или слични работни позиции, но не е задолжително
  • Возачка дозвола Б категорија – активен возач
  • Познавање на англиски јазик
  • Дополнителни знаења: работа со компјутер
  • Познавање на основите на компјутерската мрежа
  • Познавање на работата на уредите и електронските рулети
  • Познавање на SAS протоколот
  • Познавање на начинот за подесување и сетирање на програмските табли
  • Познавање на програми поврзани со рулет
  • Способност за решавање проблеми
  • Лојалност, одговорност и доверливост
  • Исклучителна брзина и прецизност во работата, сигурност и организираност

​Компанијата нуди

  • Динамична и позитивна работна средина;
  • Можност за кариерен развој и континуирана едукација;
  • Систем за вреднување на постигнати индивидуални и тимски резултати;
  • Работна недела од 38 часа
  • Спортско рекреативни бенефиции- Спортмастер програма
  • Награди за најдобрите вработени
  • Дополнителни денови од годишен одмор

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV да го испратите на e-маил job@mozzartbet.mk. Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате. Краен рок за поднесување на пријавите е 06.05.2024 година.

Ви благодариме на сите кои аплициравте на огласот. Воедно, би сакале да Ве известиме дека ќе бидат контактирани само оние кандидати со кои ќе го започнеме процесот на селекција. Во случај да не бидете контактирани, Ви препорачуваме да продолжите да ги следите нашите огласи и да бидете во тек со отворените позиции.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде