Vrabotuvanje.com - Електричар за одржување - Скопје - Capitol Mall
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Електричар за одржување

Скопје

Рок за пријавување:

  • Capitol Mall

 

Лоциран во срцето на Скопје, во населбата Аеродром, Капитол Мол и Резиденс се простира на вкупна изградена површина од 33.500 м2. Од нив, 12.500 м2 се наменети за шопинг центарот сместен на првите четири нивоа, а 6.000 м2 се одвоени за резиденцијалниот – станбениот дел на горните четири катови. Паркинг просторот е на три нивоа под земја, со вкупна површина од 15.000 м2.

Шопинг центарот Capitol Mall е составен од 47 локали, со модерни бутици од познати интернационални, регионални и локални брендови, ресторан и фаст фуд дел, детски центар и места за забава за посетителите од сите возрасти. Со отворањето на Capitol Mall & Residence, воедно, се отвораат и преку 500 нови работни места од повеќе индустрии.

За потребите на одделот за одржување во Капитол Мол и Резиденс потребно е да се пополнат следните позиции:

 

Електричар за одржување – 1 позиција

Кандидатот треба да поседува најмалку 2 години претходно искуство на истата позиција и да има основно познавање од работа со компјутер и информациски технологии.

Одговорностите и задачите ќе вклучуваат:

  • Редовна проверка за непречено и уредно функционирање на системите
  • Изведување на ситни поправки
  • Одржување на клими – фреонски системи
  • Изведување на други сродни работни задачи

Работното време изнесува 40 часа организирано во две смени.

Износот на платата е компетитивен согласно искуството, знаењето и квалификациите на кандидатот.

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови, ги покануваме да ја пратат својата биографија преку Брзата Апликација. Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат поканети на интервју.

 
 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Електротехника изнесува 22.219 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде