Vrabotuvanje.com - Агент за продажба - Скопје - Hilton Hotels
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Агент за продажба

Скопје

Рок за пријавување:

  • Hilton Hotels

 

Во Хилтон веруваме дека угостителството не е само професија. Тоа е патување кое води до личен развој, раст и откривање на разни заедници и култури. Нашиот тим го сочинуваат извонредни професионалци кои заедно работат да овозможат исклучителни искуства за секој наш гостин. По патот на кој поставуваме стандарди во хотелиерството, нашата визија „да го згрееме светот со топлината на гостопримството“ постојано не мотивира. Ние нудиме многу повеќе од соба за ноќевање. Ние создаваме незаборавни искуства за нашите гости, значајни можности за нашите вработени и позитивно влијаеме во заедницата од која сме дел.

Ако сакате да се придружите на нашето големо семејство, имаме отворена позиција за Вас.
 
DoubleTree by Hilton Skopje врaботува:
 

Агент за продажба

 

ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТИ:
 

  • Креирање и имплементација на стратегии за ширење на продажната мрежа
  • Организирање, координирање и водење на продажните активности
  • Организирање и водење на состаноци и презентации
  • Воспоставување и одржување на добри односи со клиентите
  • Изработка на понуди
  • Следење на пазарот и евалуација на потенцијалот за развој на нови продажни активности
  • Стратешко планирање и развој на производи и услуги
  • Редовно известување и водење на соодветна евиденција за текот на проектите
  • Го известува директорот за продажба во случај на констатирани проблеми и дава предлози за нивно надминување
 

КВАЛИФИКАЦИИ:
 

  • Високо образование – Економски факултет
  • Најмалку 2 години работно искуство во продажба, пожелно во хотелска индустрија
  • Задолжително познавање на англиски јазик (деловна усмена и писмена комуникација), познавање на турски и/или албански јазик ќе се смета за предност
  • Искуство во работа со компјутери - познавање на Microsoft Word, Excel, Power Point и користење на Интернет сервиси.
  • Изразена комуникативност, одлични презентациски вештини и вештини на преговарање- искуство во подготовка и одржување на презентации ќе се смета за предност.
  • Дополнителни обуки од областа на менаџмент на маркетинг и продажба ќе се сметаат за предност.
  • Организираност, систематичност и темелност во работата, навремено и креативно исполнување на обврските, чувство за тимска работа и одговорност.
 

Работното време изнесува 40 часа од 9 до 17 часот секој работен ден.

Износот на платата е компетитивен согласно искуството, знаењето и квалификациите на кандидатите.

Доколку поседувате желба за понатамошно учење и развој, совесност, одговорност и самоиницијативност, високо развиени интерперсонални вештини, Ве покануваме да аплицирате преку полето Брза Апликација. Само кандидатите кои ги поседуваат горенаведените квалификации ќе бидат поканети на интервју.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде