Vrabotuvanje.com - Молер / Гипсар - Скопје - ФАСИЛИТИ МЕНАЏМЕНТ СЕРВИЦЕС ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Молер / Гипсар

Скопје

Рок за пријавување:

  • ФАСИЛИТИ МЕНАЏМЕНТ СЕРВИЦЕС ДООЕЛ Скопје
  • Адреса: ФИЛИП ВТОРИ МАКЕДОНСКИ 3/3/к.3012, 1000 Скопје

Зад секоја успешна компанија стои силен тим. ФМС ДООЕЛ претставува млада компанија со просперитетен тим кој професионално пристапува и одговара на сите предизвици.
Секој од нас е специјалист во своето поле на работа и е посветен на потребите и барањата на клиентите. Компанија ориентирана кон изнаоѓање решенија, со единствена цел – да обезбеди квалитет со висок степен на економска оправданост.
Имајќи го предвид нашето разбирање за моќта на тимот, работиме заедно кон постигнување на нашите цели и заеднички ги прославуваме нашите успеси.
Ако барате стабилност, професионален раст, долгорочна кариера и технолошки предизвици во успешни компании – дојдете и придружете ни се уште денес!
ФМС ДООЕЛ објавува оглас за вработување на професионални кадри од областа:

МОЛЕР/ГИПСАР

Потребни квалификации:

  • Средно стручно образование;
  • Општи технички познавања;
  • Познавање на материјалите, алатот;
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција;
  • Возачка дозвола Б категорија.


Опис на работата:

  • Изведба на преградни ѕидови од гипскартон, глетување и молерај;
  • Санација на ѕидови со стружење, глетување и молерај;
  • Извршување на други технички работни задачи по потреба. 
     

Дополнителни критериуми:

  • Обврска за придржување кон безбедносните прописи и прописите поврзани со заштита при работа;
  • Сериозен пристап кон зададените задачи;
  • Подготвеност за работа под притисок и кратки рокови;
  • Лојалност, доверливост, чесност, професионалност, ефикасност и флексибилност;
  • Спремност за работа надвор од Скопје – без преспивање;


Што нудиме:

  • мотивирачка атмосфера и плата по договор;
  • полно работно време од пон-пет 07:30-15:30;
  • колективно осигурување од несреќа;
  • платени дополнителни часови прекувремено;
  • годишен одмор;
  • можност за напредување во кариера;
  • избор на рачен алат по желба.
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака на апликацијата МОЛЕР/ГИПСАР.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде