Vrabotuvanje.com - Оператор на кран (Внатрешен транспорт) - Скопје - ЛИБЕРТИ АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Оператор на кран (Внатрешен транспорт)

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЛИБЕРТИ АД Скопје

Групацијата LIBERTY Steel Group, како дел од GFG Alliance, е глобална компанија за челик и рударство со над 30.000 вработени на повеќе од 200 локации на четири континенти. Тоа е меѓународен бизнис со интегрирана понуда - од производство на течен челик направен од суровини и рециклирани материјали до челици со голема прецизност и придружни услуги, достапни за клиенти ширум светот.

Либерти Скопје, како дел од Либерти Стил Групацијата, е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани, поцинкувани и пластифицирани производи, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар. Ние веруваме дека нашата позиција во челичната и рударската индустрија носи уникатни можности.

За потребите на нашето производство, ги покануваме сите заинтересирани лица да аплицираат за следната позиција:

Оператор на кран (Внатрешен транспорт)
 

Клучни одговорности:

  • Одговорен за управување со кран на сите линии согласно сертификатите кои ги поседува
  • Правилно ракува со командата на кранот
  • Зема, става и утоварува котури
  • Утоварува, истоварува и поставува валци на количките за валци
  • Влече трака и резервни делови
  • Дига отпаден материјал во корпи за отпад
  • Дига и поместува разни предмети по потреба
  • Дига и префрлува разни предмети по барање на одржувачките служби
  • Прави визуелна редовна проверка на исправност на кранот (пред отпочнување и по завршување на работата)
  • Се грижи и ги информира соодветните лица за одржување на крановите за сите евентуални недостатоци на кранот
  • Води кранска книга за евиденција и недостатоци на кранот
  • По потреба го заменува сигнализерот

Личен профил:

  • Со или без работно искуство
  • Можност за работа во смени
  • Можност за работа на висина
  • Строго почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работа

Што нудиме:

Динамична работна средина во која се стимулира учење и професионален развој. Конкурентен надомест како и ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ.
 
Доколку барате можност за работа на предизвикувачки проекти, со цел да влијаете на бизнисот на позитивен начин, Ве повикуваме да ја доставите Вашата професионална биографија - CV преку полето Брза Апликација. 
 
Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација ние ќе ги обработуваме Вашите лични податоци како преддоговорна активност или, доколку се согласите ќе ги чуваме во нашата база на кандидати. Вие можете да ја повлечете Вашата согласност во секое време со испраќање на барање на електронската пошта: HRJobs.Skopje@libertysteelgroup.com. Либерти Скопје е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Електротехника изнесува 22.219 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде