Vrabotuvanje.com - Прехранбен технолог (за производствени потреби) - Скопје - БАКО НУТС
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Прехранбен технолог (за производствени потреби)

Скопје

Рок за пријавување:

  • БАКО НУТС
  • Адреса: Качанички пат бр.17,Визбегово, 1000 Скопје

“БАКО”, претпријатие кое се занимава со производство, преработка, пакување и продажба на апетисани, семиња, зачини, корфнлекс... има потреба да вработи:
 

Прехранбен технолог (за производствени потреби)

 

 

Обврски и одговорности

  • Развој на нови производи
  • Задолжен/а за воспоставување, спроведување и контрола на стандардите согласно законската регулатива; 
  • Задолжен/а за одржување на системот за безбедност на храна и управување со квалитет со цел да овозможи производство на здравствено исправни производи кои ги исполнуваат законските регулативи и барањата за квалитет, како и задоволувањата на барањата на потрошувачите; 
  • Контрола на целокупното производство, предлага мерки и решенија за подобрување на истото
  • Одговорен е за ажурно водење на документацијата;
  • Задолжен/а за развивање и одржување на системот за безбедност на храна и управување со квалитетот со воспоставување и одржување на целокупната потребна документација;
  • Го одржува HACCP преку одржување на процедурите и сите потребни дополнителни документи;
  • Следи и координира стандарди
  • Воспоставува комуникација со клиентите со цел подобрување на квалитетот на целокупното работење и техничките перформанси; 
  • Развој и контрола на квалитет
  • Ги контролира постапките при испорака на готов производ; 
  • Спроведува обука на вработените за сите процедури поврзани со управување на квалитет, безбедност на храна и хигиена;
  • Следи и имплементира законски и подзаконски акти
  • Води грижа за здравствениот билтен на вработените (санитарни книшки); 
Потребни квалификации:
  • ВСС, технолошки факултет
  • Минимум 3 година работно искуство
  • Познавање на стандарди: ISO 22000, HACCP, TUV
  • Солидно познавање на англиски јазик
  • Користење на MS Office и Internet
  • Иновативност, одговорност, иницијативност
  • Организациски способности и тимска работа
  • Желба за постојано учење, лично и професионално надоградување

 

Кандидатите кои ги исполнуваат горе наведените критериуми треба да испратат CV преку полето Брза Апликација со назнака "Прехранбен технолог". Ќе бидат контактирани само потесно избраните кандидати.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде