Vrabotuvanje.com - Магационер - Скопје - Fashion Group
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • Fashion Group

Fashion Group повеќе од 15 години важи за најголема малопродажна модна групација во земјава, а во нејзиното портфолио ќе најдете некои од најголемите светски реномирани брендови како Hugo Boss, Diesel, Guess, Bitsiani, Mango, Springfield, Okaidi, Superdry, Timberland и други. Нашата цел од самиот почеток, па сè до денес е да му овозможиме на секој наш клиент да го изгради личниот стил и да експериментира со истиот, одбирајќи ги парчињата на светските брендови.

Нашите вредности го рефлектираат она вистинското на компанијата, но и на сите брендови чии франшизи ги претставуваме – воздигнувањето на личниот стил над модата со помош на уникатните сезонски колекции.

Вработените во нашата компанија чиј број постојано се зголемува, се тим индивидуалци и креативци кои постојано работат на развивање нови идеи за соодветно претставување на вредностите на компанијата. Постојано се обидуваме да го пронајдеме најдоброто во нашите вработени и заедно да работиме на нивните амбиции, бидејќи кога се инвестира во нивниот развој, не само што го зголемуваме нивниот професионален капацитет, туку и ја зголемуваме и успешноста на целата наша организација.

Fashion Group има потреба од:

Магационер

Главни обврски и одговорности:

  • Прием и потврда на примени производи и обезбедување на нивен истовар
  • Отварање, складирање на примените производи и тековно дополнување на истите
  • Подготовка на производите за продажба (скенирање, лепење декларации и сл.)
  • Управување со залихи на производи
  • Учество во пописи
  • Водење на грижа за соодветната документација за прием, издавање на производите
  • Достава на производите до продажните објекти во Скопје и во другите градови
  • Постојано одржување на хигиената и реорганизација на магцинскиот простор според потребите
  • Помош и соработка во оперативни активности на различните сектори.

Потребни квалификации:

  • ССС/ВСС
  • Познавање на работа на компјутер
  • Познавање на работа со софтвери за водење залиха
  • Работа со PDA апарат/псион и слични уреди за внес на шифри на производи
  • Пожелно работно искуство 1-3 години
  • Возачка дозвола: Б категорија задолжително, Ц категорија пожелно
  • Навременост и самостојност во извршување на работните задачи.

Сите заинтересирани кои ги исполнуваат посочените услови да достават кратка биографија преку полето Брза Апликација.

 
 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде