Vrabotuvanje.com - Графички дизајнер - Скопје - ЕЛЕНА ЛУКА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Графички дизајнер

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕЛЕНА ЛУКА

ВО ПОТРАГА СМЕ ПО ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР

ЕЛЕНА ЛУКА е синоним за автентичен, авангарден и уметнички моден израз кој создаде свој единствен и суштински моден печат, препознатлив и на домашниот пазар, но и во глобалниот моден бизнис.

Визијата за македонски производ со светски дизајн и квалитет, започна да се реализира во 2008 година и за релативно краток временски период, брендот успешно се позиционираше на домашната модна сцена издвојувајќи се благодарение на комплетниот стручен тим што го сочинуваат инвентивни професионалци и едуцирани, креативни уметници.

Поради зголемен обем на работа, ЕЛЕНА ЛУКА го проширува својот тим со амбициозни, комуникативни и професионални луѓе кои ја сакаат модата.

 

Секојдневни обврски:

  • Дизајн и графичко уредување на рекламни материјали и останати маркетинг и промотивни материјали;
  • Дизајн и продукција на веб банери за веб страни и визуелен материјал за профили на социјални мрежи;
  • Подготовка на припреми за печатење;
  • Соработка и комуникација со тим, контрола на постоечките дизајнерски решенија и предлагање на нови доколку е потребно;

Што бараме?

  • Минимум 3 години претходно искуство, пожелно во агенција
  • Креативност
  • Високо познавање на Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, предност познавање на Video editing,
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Активно познавање на глобалните трендови во областа на дизајн за адвертајзинг
  • Флексибилност и подготвеност за работа со кратки рокови
  • Висок степен на одговорност и посветеност на работата
  • Комуникативност
  • Тимска работа
  • Професионалност
  • Желба за учење и надградување на знаењето​

Што нудиме?

  • Работа и координација со Креативен Директор
  • Работа во тим со искусни професионалци од областа

Доколку ги исполнувате горенаведените услови, Вашата молба заедно со Вашата Персонална биографија доставете ја преку Брзата Апликација.

Сите пристигнати Биографии ќе се третираат со максимална доверливост и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.

За дополнителни информации кандидатите можат да ја контактираат службата за Човечки ресурси на моб. 070/406-600

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде