Vrabotuvanje.com - Координатор за индиректни материјали - Скопје - АПТИВ СЕРВИСЕС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Координатор за индиректни материјали

Скопје

Рок за пријавување:

  • АПТИВ СЕРВИСЕС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје

We deliver high quality products that save lives and move the world forward by developing safer, greener and more connected solutions, enabling the future of mobility impacting millions of people. Aptiv.com

За поддршка на нашиот тим лоциран во Скопје, Аптив бара кандидати за позицијата:

Координатор за индиректни материјали

Главни задачи и одговорности: 

  • Одговорен за резервните и деловите за поправка на опремата и потрошните материјали за производните процеси (контактирање добавувачи, барање понуди, нарачување делови, пратење нарачки, организирање на транспорт за деловите и опремата, прием на делови, менаџирање на инвентарот и негова повремена проверка) и правење неделни и месечни извештаи за нарачките, приемите, потрошувачката и количината на деловите
  • Одговорен за менаџирање на дата базата за Одржување и Производство, вадење и испраќање извештаи од неа (внесување нова опрема и делови, мониторирање на движењето на опремата и деловите, креирање нови сметки, правење архива, активирање нови опции)
  • Одговорен за инвентарот во одделот за Операции
  • Го контролира и следи исполнувањето на буџетот
  • Го разбира комплетниот процес на производство и неговите системи
  • Одговорен за креирање и пракање дневни/неделни/месечни извештаи за исполнување на таргетите (спојувајки повеќе извештаи во еден, проследени со извештај по кој прави презентации на неделно/месечно/6месечно/годишно ниво)
  • Одговорен за архивирање и контрола на доверливи документи во одделот

Потребни квалификации:

  • Техничко средно образование или диплома од средно образование и искуство во производство на електроника
  • 1-3 години искуство во производство на електронска опрема
  • Предност со искуство со работа со SAP, VSS, CMMS системите
  • Познавање на алатките за квалитет/ методите за решавање на проблеми
  • Одлични познавања од работа со компјутери
  • Одлични комуникациски, презентациски и организациските вештини

Ви нудиме:

  • Можност за работа во глобална организација
  • Личен раст и кариерен развој
  • Исплата на регрес и минат труд
  • Слободен ден за роденден
  • Спортски активности
  • Амбициозна работна атмосфера каде можете да ги споделите Вашите идеи
  • Организиран транспорт и храна за вработените
  • Социјални активности и програми
  • Работно време: 08:30 – 16:30 часот

Доколку сте заинтересирани за позицијата, Ве молиме да се пријавите со поднесување на Ваша биографија (CV) и диплома од завршено образование, со испраќање на следнава електронска адреса Rabota@aptiv.com. Во предметот на пораката наведете ја позицијата за која аплицирате.

Рок за аплицирање: 10.05.2024

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервjу.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на Аптив Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на Аптив.

*Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: aptiv.hr.macedonia.staffing@aptiv.com

 

Да дознаете повеќе за Aптив, посетете ја страната www.aptiv.com/careers

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде