Vrabotuvanje.com - Хаусмајстор за одржување - Скопје - ФАСИЛИТИ МЕНАЏМЕНТ СЕРВИЦЕС ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Хаусмајстор за одржување

Скопје

Рок за пријавување:

  • ФАСИЛИТИ МЕНАЏМЕНТ СЕРВИЦЕС ДООЕЛ Скопје
  • Адреса: ФИЛИП ВТОРИ МАКЕДОНСКИ 3/3/к.3012, 1000 Скопје

Зад секоја успешна компанија стои силен тим.

Секој од нас е специјалист во своето поле на работа и е посветен на потребите и барањата на клиентите. Компанија ориентирана кон изнаоѓање решенија, со единствена цел – да обезбеди квалитет со висок степен на економска оправданост. Имајќи го предвид нашето разбирање за моќта на тимот, работиме заедно кон постигнување на нашите цели и заеднички ги прославуваме нашите успеси. Ако барате стабилност, професионален раст, долгорочна кариера и технолошки предизвици во успешни компании - дојдете и придружете ни се уште денес! ФМС ДООЕЛ објавува оглас за вработување на професионални кадри од областа: 

ХАУСМАЈСТОР ЗА ОДРЖУВАЊЕ


Потребни квалификации:

  • Средно стручно образование,
  • Општи технички познавања ( електрика, водовод и секаков вид дефекти);
  • Практично познавање на електрични системи за згради и индустриски објекти;
  • Познавање на слабо-струјни електрични инсталации во згради и индустриски објекти;
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција;
  • Возачка дозвола Б категорија


Опис на работата:

  • Детекција на дефекти и отстранување на истите
  • Редовно одржување и проверка на електрични системи
  • Отстранување на дефекти на електрична инсталација
  • Работа со електричен и рачен алат
  • Евиденција за извршените поправки и потрошениот материјал и достава на извештаи до претпоставен
  • Спецификација на потребен материјал за набавка
  • Превземање на превентивни мерки и навремено реагирање за избегнување на дефекти и непречено одвивање на работата
  • Поддршка во одржување на системи за ладење и греење
  • Одржување на водоводна инсталација
  • Браварски работи
  • Столаро – занатски работи
  • Извршување на други технички работни задачи по потреба


Што нудиме:

  • Мотивирачка атмосфера и плата по договор
  • Полно работно време од пон-пет 07:30-15:30
  • Колективно осигурување од несреќа
  • Платени дополнителни часови прекувремено
  • Платен годишен одмор
  • Можност за напредување во кариера
  • Избор на рачен алат по желба.
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака на апликацијата ХАУСМАЈСТОР.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде