Vrabotuvanje.com - Заварувач - Скопје - ФАСИЛИТИ МЕНАЏМЕНТ СЕРВИЦЕС ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • ФАСИЛИТИ МЕНАЏМЕНТ СЕРВИЦЕС ДООЕЛ Скопје
  • Адреса: ФИЛИП ВТОРИ МАКЕДОНСКИ 3/3/к.3012, 1000 Скопје

ФМС дооел - Скопје, вертикално интегрирана компанија во делот на недвижнини која на своите клиенти им нуди интегриран систем на услуги и официјален преставник за LG комерцијална климатизација, има потреба за проширување на својот тим во делот на изведба на машински инсталации поврзани со системите за климатизација и вентилација: 

1. ЗАВАРУВАЧ

Работни задачи:

  • Познавање на процесот на заварување со цел избегнување на било какви девијации и дилатации на материјалите;
  • Изведување на заварени споеви со електро или автогено заварување;
  • Работа со аголни брусалици, со цел припрема на заварените споеви, дупчалка и гасен пламен;
  • Монтажа на опрема за греење и ладење;


Потребни квалификации:

  • Завршено средно образование од техничките струки;
  • Претходно работно искуство во областа на електро или автогено заварување, познавање на двата типа заварување ќе се смета за предност;
  • Поседување на А тест за заварување ќе се смета за предност;
  • Искуство во монтажа на опрема за греење и ладење ќе се смета за предност;
  • Работење по упатства од техничка документација и упатства на непосредниот раководител;
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови;
  • Возачка дозвола (Б) Категорија


2. ПОМОШНИК ЗАВАРУВАЧ

Потребни квалификации:

  • Завршено средно стручно образование;
  • Претходно работно искуство во истата област ќе се смета за предност;
  • Работа со аголни брусалици, со цел припрема на заварените споеви;
  • Поседување на возачка дозвола (Б) Категорија ќе се смета за предност;


Што нудиме:

  • Mотивирачка атмосфера и плата по договор;
  • Регрес за годишен одмор;
  • Работа во безбедна и здрава околина со почитување на сите норми за безбедност и здравје при работа;
  • Kолективно осигурување од несреќа;
  • Можност за професионално усовршување, обука и напредок на работното место;
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на следната email адреса: jobs@fms.com.mk со задолжителна назнака на апликацијата ЗАВАРУВАЧ или ПОМОШНИК ЗАВАРУВАЧ.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде