Графички дизајнер
Скопје
Рок за пријавување:
- ВИТАЛИА Никола и др. доо
ВИТАЛИА Никола ДОО, лидер во производство на здрава храна во регионот го проширува тимот.
Зошто Виталиа?
Затоа што веруваме во нашата мисија, со создавање на здрава храна да креираме здрави идни генерации. Затоа што сме тим на професионалци кои го живеат истиот сон: македонски производ препознат во 60 земји ширум светот. Сите области на Компанијата, од Производство до Продажба, имаат заедничка цел: да креираме комплетно задоволство на клиентите, да ги инспирираме на здрави навики на живеење и да создаваме здрава иднина заедно.
Бараме талентиран Графички Дизајнер кој ќе се приклучи на нашиот динамичен Маркетинг тим и ќе ни помогне да продолжиме да ја инспирираме нашата публика преку креативен дизајн
Обврски и одговорности:
- Дизајн на амбалажа и изработка на creative briefs, layout и физички мокап
- Дизајн на промотивни маркетинг материјали (POS материјали, флаери, брошури, сталажи и сл.)
- Дизајн на корпоративни материјали
- Контрола на принт на амбалажа
- Корекција на постоечка амбалажа
Квалификации:
- Високо образование или средно стручно образование во областа на дизајн.
- Високо ниво на познавање на Adobe Creative Suite (Illustrator, Photoshop, InDesign)
- Силно портфолио кое покажува разновидност на дизајн и типови на проекти
- Течно познавање на англиски јазик ( мин. B2)
- Совесност, одговорност и самомотивираност
- Тимски дух, организираност и систематичност во работењето
Што нудиме:
- Пријатна работна атмосфера
- Млад, модерен и динамичен тим
- Платен превоз
- Обезбеден топол оброк
- Континуирана обука за надградување на работните вештини
- Тим билдинг настани
Виталиа го почитува трудот на вработените и истиот го вреднува преку пакет бенефиции и бонуси на квартално и годишно ниво.
Обезбедуваме континуирана обука за надградување на работните вештини, пријатна работна средина и топол оброк.
Доколку сакате да бидете член на нашиот успешен тим и сте подготвени да го прифатите предизвикот, испратете ни ја вашата кратка биографија (CV) преку Брзата Апликација.
Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!