Vrabotuvanje.com - Мајстор/Оператор/Машинец за сетирање и работа на машини - Скопје - АРТ ПРИНТ СТУДИО ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Мајстор/Оператор/Машинец за сетирање и работа на машини

Скопје

Рок за пријавување:

  • АРТ ПРИНТ СТУДИО ДООЕЛ Скопје
 
 

Арт Принт Студио ДООЕЛ Заштитна, има потреба да вработи:

МАЈСТОР/ОПЕРАТОР/МАШИНЕЦ ЗА СЕТИРАЊЕ И РАБОТА НА МАШИНИ

АРТ ПРИНТ СТУДИО е компанија со 20 годишно искуство, со постојан раст и грижа за своите вработени во сите насоки. Поради сериозен раст на компанијата има потреба од нови вработувања.

,, ГЛАВНА ЦЕЛ - ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ТРАДИЦИЈА И КВАЛИТЕТ НА СИТЕ ПОЛИЊА,,

Опис на работата и работните задачи:

  • Арт Принт Студио има потреба од мајстор/оператор на машини за изработка на продукти од картон кутии за храна, разни кутии и други производи кои излегуваат од печатница.

За таа цел потребно е лицето да поседува:

  • Особен интерес за работа со машини, напредување и отклонување на дефекти
  • Лична и професионална ефективност
  • Прецизност и ажурност во работатата
  • Отклонување на дефекти вон работно време
  • Подготвеност за работа во тим, во производствен погон
  • Подготвеност да ја прифати фирмата како своја

Лицето ќе ги има следниве задачи:

  • Квалитетен пристап во работење со продуктите
  • Редовно сервисирање механика, електрика и електроника (може да соработувате со фирми за сервис за стручни работи)
  • Изработувате процедури, воспоставување и работење преку процесите за работење со машините и продуктите на машините,
  • Безбедност при работење со машините,
  • Да се грижите за постојан лагер за резервни делови и да ги нарачувате со претходен договор со надредено лице,
  • Да пристапува кон превентивен сервис и да ги одржува машините во работна кондиција
  • Сите машини се осигурани од КРШ, од пожар, од небрижно работење на вработените.

Работење помош во работни обврски со останатите вработени за изработка на печатени продукти во печатницата
Почетна плата 38000денари,11ти месец 2025та можност до 50000денари, после воспоставување на квалитетен систем на работа, следуваат бонуси.
Редовно исплата на плата.
Пријавување на цела сума на плата и додатоците се исплаќаат на плата со придонеси.
Исплата на К-15.
Не се работи на државни празници.
Годишен одмор 21-22 работни денови, како што е пропишано од државата.

Вашето CV пратете го на емаил: artprintstudio@gmail.com, со задолжителна назнака „МАШИНЕЦ”.

Општи правила за аплицирање: Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот). Назнака на позиција за која се аплицира.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде