Vrabotuvanje.com - Касиер/ка – Струга - Струга - МА ГАМИНГ ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Касиер/ка – Струга

Струга

Рок за пријавување:

  • МА ГАМИНГ ДООЕЛ Скопје

Барате интересна и перспективна работа во успешна компанија? Бидете дел од успешниот тим во АДМИРАЛ КАЗИНО !!!

МА ГАМИНГ ДООЕЛ Скопје е општествено одговорна компанија која брои повеќе од 700 вработени, дел од големото NOVOMATIC семејство, лидер во индустријата за игри на среќа и забавни игри.

Нашата најголема придобивка во повеќе од 15 години успешно работење се вработените кои благодарение на нивните вештини, посветеност и одлучност, заеднички ја креираат својата светла иднина. Нашите вработени со нивната посветеност и лојалност, се клучен дел од успесите и растот на компанијата во целост.

КАСИЕР/КА 
Реон СТРУГА

 
Времетраење: Определено 3 месеци (со можност за продолжување), на полно работно време од 40 часа неделно
Број на слободни позиции: За 1 лице
Регион: Струга
 

МА ГАМИНГ нуди:

  • работа во брзорастечка компанија ;
  • работа во млад, креативен и амбициозен тим ;
  • брза и динамична работа ;
  • отворен и чесен однос, добри меѓучовечки односи и пријателска средина ;
  • можност за професионално усовршување и напредување ;
  • јасно поставено скалило на одговорности и очекувања ;
  • плата од 28.000,00 МКД, до повеќе од 40.000,00 МКД;
  • можност за остварување бонуси и награди на месечната плата ;
  • законски надоместоци (регрес, минат труд, јубилејни награди, ноќен труд, сменско работење, работа во празник, работа во ден недела) и други надоместоци (склучување на брак, смрт во семејството, награда за најдобар работник во автомат клуб, новогодишна награда) ;
  • право на 20 работни дена платен годишен одмор ;
  • работа во смени, со одличен однапред предвиден распоред и до 10 слободни денови во месецот ;
  • награда за препорачан пријател ;
  • искуство не е неопходно, бидејќи е обезбедена обука ;
  • обезбедени работна униформа и обувки ;
  • бесплатни безалкохолни пијалоци и кафиња во текот на работната смена ;
  • новогодишни прослави, забави за нови подружници и родендени на клубови, можност за учество на тим билдинг настани.

МА ГАМИНГ бара:

  • минимум завршено ССС;
  • флексибилност и проактивност;
  • друштвеност, комуникативност и позитивен став;
  • самоиницијативност во секојдневната работа, тимска работа и способност за работа под притисок;
  • умешност во решавање на конфликтни ситуации;
  • чесен однос кон работата, доверливост, лојалност и одговорност;
  • прецизност и брзина во извршување на секојдневните работи;
  • ведар дух, енергичност и смисла за хумор;
  • одговорно и правилно ракување со парични средства.

Кај нас ве очекуваат многу различни активности, предизвици, интензивна обука, Договор за работа во согласност со законот и атрактивна заработка. Доколку верувате дека сте идеални за оваа работна позиција, испратете го вашето CV преку Брзата Апликација, со назнака  за регионот за кој аплицирате.

Само кандидатите кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде