Vrabotuvanje.com - Магационер - Скопје - КВЕНБЕРГЕР ЛОГИСТИК МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • КВЕНБЕРГЕР ЛОГИСТИК МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
  • Адреса: Мултифунционална Зона Којлија, Ул.9 бр.4, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://www.quehenberger.com

Квенбергер Логистик во Македонија веќе 28 години е комплетен логистички провајдер и специјалист за холистички индустриски решенија. Логистиката е нашата пасија!

Станете дел од нашата голема, успешна транспортна и логистичка мрежа! Можностите за кариера во Квенбергер Логистик се разновидни и возбудливи. Поради силниот раст и условите на новите пазари, бараме вработени кои се подготвени за одговорно и сервисно-ориентирано работење.

Имаме потреба од следнава позиција: 

МАГАЦИОНЕР

Задачи и одговорности на работната позиција:
  • Прием на стока (физички) и складирање на примената стока
  • Организација на магацин и подредување на роба
  • Подготвува роба по претходно добиени налози
  • Активности поврзани со попис на стоката
  • Учество во товарење и растоварување на возилото/а при испорака и прием на производи
  • Поднесување извештај за оштетена роба
  • Ги следи роковите на стоката
  • Одржување на хигиена во магацинот
 
Потребни компетенции и квалификации:
  • ССС
  • Со или без работно искуство
  • Одговорно извршување на работните обврски во зададени рокови
  • Способност за самостојна и тимска работа.
 
Што нудиме:
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија
  • Месечен бонус систем
  • Одлична работна атмосфера, солидни и стабилни приходи, и можност за напредување

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии може да ги достават преку полето Брза Апликација.

Кандидатите кои ќе бидат избрани ќе бидат повикани на интервју.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде