Vrabotuvanje.com - Персонал за продажба на овошје и зеленчук - Скопје - Farmer Boy
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Персонал за продажба на овошје и зеленчук

Скопје

Рок за пријавување:

  • Farmer Boy


ПЕРСОНАЛ ЗА ПРОДАЖБА НА ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК
 
 

Потребни квалификации:

  • Завршено најмалку средно образование
  • Претходно работно искуство на иста или слична работна позиција
  • Познавање на производите, редење и изложување на истите
  • Основно познавање на англиски јазик

Посакувани карактеристики:

  • Креативна, динамична личност која има изострено чувство за естетика од аспект на подредување и изложување на производите.
  • Способност за разликување на лошо и добро гледано со објективни очи земајќи ги во предвид различните вкусови на купувачите
  • Личност која е подготвена да го слуша купувачот
  • Вредна, одговорна, позитивна и комуникативна личност
  • Способност за тимска работа
  • Лојалност, флексибилност и енергичност

Одговорности и задачи:

  • Одговорност за правење на нарачка и прием
  • Изложување на роба, подредување, прочистување и продажба
  • Наплата на издадена роба и сложување на фискален ден/смена
  • Одржување на хигиена во продажниот објект
  • Водење на детална евиденција за безбедност на храна и преработки
  • Организирање на пописи
  • Работа во смени

Работни услови:

  • Почетна нето плата е 30.000 денари
  • Работно време од 07-20 часот од понеделник до сабота, и истото се покрива во две смени. 
  • Работата на празници се плаќа дополнително согласно Законските одредби.
  • Се почитуваат Законските одредби во однос на пријавување на полно работно време, здравствено осигурување, годишни одмори, исплата на регрес за годишен одмор.
  • Исплата на бонуси за остварени таргети
  • Објектот се наоѓа во Тафталиџе


Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии може да ги достават преку полето Брза Апликација

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде