Vrabotuvanje.com - Машински инженер за изведба - Скопје - ФАСИЛИТИ МЕНАЏМЕНТ СЕРВИЦЕС ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Машински инженер за изведба

Скопје

Рок за пријавување:

  • ФАСИЛИТИ МЕНАЏМЕНТ СЕРВИЦЕС ДООЕЛ Скопје
  • Адреса: ФИЛИП ВТОРИ МАКЕДОНСКИ 3/3/к.3012, 1000 Скопје

ФМС дооел - Скопје, вертикално интегрирана компанија во делот на недвижнини која на своите клиенти им нуди интегриран систем на услуги и официјален преставник за LG комерцијална климатизација, има потреба за проширување на својот тим во делот на изведба на машински инсталации поврзани со системите за климатизација и вентилација:

МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР ЗА ИЗВЕДБА
 

Одговорности и задачи:

  • Самостојно раководење со тим за изведба на системи за греење, ладење и вентилација на објекти
  • Планирање и координација на работни активности, нормирање на секој тим и следење на ефикасноста на секој работен тим согласно однапред зададена динамика
  • Изготвување на извештаи од областа во зададени рокови
  • Способност за самостојно организирање и планирање на материјал
  • Обезбедување на непречено функционирање на објекти
  • Проектен Менаџер на објекти во изградба и објекти за техничко одржување и водење на градежни книги
  • Комуникација со инвеститорот, изработка на основни и дополнителни понуди и друг вид на извештаи

Потребни квалификации:

  • Образование-Машински факултет,насока термичко инженерство
  • Работно искуство-Минимум 5 години работно искуство на иста или сличнапозиција
  • Задолжително познавање на англиски јазик
  • Работа на компјутер( MS Office,CAD CAM, AutoCad)
  • Искуство со работа на проекти/проектен менаџер
  • Пожелно да има лиценца А или Б за изведба 

Личен профил:

  • Способност за самостојна и тимска работа, и работа под притисок
  • Високо развиени комуникациски и организациони вештини
  • Одлични аналитички способности
  • Професионален и позитивен однос
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака на апликацијата “Машински Инженер за Изведба”.
 
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Машинско инженерство и Бродоградба изнесува 26.404 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде