Vrabotuvanje.com - Асистент во оддел финансии, сметководство и набавки - Скопје - АПАВЕ СЕЕ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Асистент во оддел финансии, сметководство и набавки

Скопје

Рок за пријавување:

  • АПАВЕ СЕЕ ДООЕЛ
  • Адреса: Фјодор Достоевски 72, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://www.apave.com

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Асистент во оддел финансии, сметководство и набавки (2 работни позиции)

АПАВЕ СЕЕ е компанија која се занимава со услуги кои опфаќаат техничка инспекција и Испитување без разорување во сектор на нафтената индустрија (Oil & Gas/Energy). Нашиот кадар на вработени опфаќа круг на специјализирани инженери кои работат на проекти (техничка инспекција) претежно низ Европа, Западна Африка и Југоисточна Азија.

АПАВЕ СЕЕ има потреба од Асистент (2 работни позиции) коj ќе се придружи на нашиот тим со следниве клучни задачи и одговорности:

Асистентот ќе биде одговорен за административна поддршка на тимот за финансии и сметководство за задачи како подготовка на налози за набавка, регулирање на фактури и обработка на плаќањата на добавувачите.

Работни обврски:

  • Асистентот е одговорен за подготовка на барања за набавка и налог за набавка врз основа на барања поднесени од соодветни оддели;
  • Координира со одделите да го потврди приемот на налозите за набавки и да осигура навремена достава на опрема или услуги;
  • Соработува со одделот за финансии и сметководство за одобрувањето на налозите за набавка и да осигура навремено плаќање на добавувачите;
  • Дава поддршка во водење на процеси за промена на добавувачи поврзани со процедурите на исплата;
  • Дава поддршка на одделот за финансии и сметководство во точно внесување на фактурите од добавувачи;
  • Подготвува извештаи и клучни индикатори за изведба (KPI) за следење на трошоците за набавки и идентификува области за подобрување;
  • Учествува во развој и документирањето на сметководствените политики и процедури за да се обезбеди усогласеност и стандардизација низ организацијата;

Потребни квалификации и способности , вештини:

  • Високо образование
  • Претходно административно искуство или искуство во оддел за набавки (предност)
  • Одлично познавање на англиски јазик (говорен и пишан),
  • Задолжително познавање на компјутери (MS Office: Word, Excel)
  • Клучни компетенции: комуникација, планирање и организирање, управување со времето и рокови.


Работни услови:

  • Локација на работното место општина Карпош
  • Обезбеден паркинг простор
  • Можности за професионален и личен развој (обуки за професионален развој, активности за јакнење на тимот)
  • Работно време од 06.00-14.00 или 08.00-16.00

Сите заинтересирани треба да испратат кратка биографија преку Брзата Апликација.
 

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на АПАВЕ СЕЕ.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде