Vrabotuvanje.com - Практикант - Внатрешна продажба / процесирање на нарачки - Тетово - КИЕЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Желино
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Практикант - Внатрешна продажба / процесирање на нарачки

Тетово

Рок за пријавување:

  • КИЕЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Желино

Киeл Групацијата е еден од водечките европски производители на патнички системи за седишта за автобуси и железнички возила на локално, регионално и меѓуградско ниво.

Во рамките на своите компании лоцирани во Германија, Полска, Турција, Холандија, Шпанија, Франција, САД и Русија и со околу 1.700 вработени, Киeл е силен и сигурен партнер за задоволување на потребите на своите клиенти.

Во целиот свет, Киeл е признат по своите високо квалитетни производи, незаменлива експертиза и посветена работна сила. Со новата компанија "Киeл Македонија", која се наоѓа во Желино (Тетово), Киeл продолжува со својот ангажман за своите клиенти, со производство на седишта за автобуси.

Со цел проширување на својот тим, Киел Македонија има потреба од  работници на позицијата:

ПРАКТИКАНТ - ВНАТРЕШНА ПРОДАЖБА / ПРОЦЕСИРАЊЕ НА НАРАЧКИ
(Времетраење - 6 месеци)
 
 

Одговорности:

  • Издавање на продажни фактури
  • Внес на нарачки и проверка на истите во ЕРП – Системот
  • Издавање на документи за испорака
  • Координација со логистика Киел – клиент
  • Координирање  на датумите  / роковите со клиентите
  • Работа околу царинското појаснување и процедури
  • Статистички извештаи
  • Белешки за испорака
  • Издавање на Еуро 1 сертификат
  • Калкулација на продажни цени
  • Одговорен за намалување на трошоци во логистика за излезни пратки

Останати информации и апликација:

Доколку оваа позиција ви изгледа и привлечно и ги исполнувате зададените услови, ве покануваме да го испратете го вашето резиме/ CV преку Брза Апликација со назнака „Практикант - Внатрешна продажба / процесирање на нарачки“. 

Киел Македонија нуди еднакви можности на вработување без оглед на пол, раса, религија и убедувања, попреченост, возраст и сексуална ориентација.

Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат, нема да бидат земени предвид. 
Ќе бидат контактирани само оние кои влегле во потесен круг на селекција.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде