Vrabotuvanje.com - Хигиеничар/ка - Тетово - КИЕЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Желино
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Хигиеничар/ка

Тетово

Рок за пријавување:

  • КИЕЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Желино

Киeл Групацијата е еден од водечките европски производители на патнички системи за седишта за автобуси и железнички возила на локално, регионално и меѓуградско ниво.

Во рамките на своите компании лоцирани во Германија, Полска, Турција, Холандија, Шпанија, Франција, САД и Русија и со околу 1.700 вработени, Киeл е силен и сигурен партнер за задоволување на потребите на своите клиенти.

Во целиот свет, Киeл е признат по своите високо квалитетни производи, незаменлива експертиза и посветена работна сила. Со новата компанија "Киeл Македонија", која се наоѓа во Желино (Тетово), Киeл продолжува со својот ангажман за своите клиенти, со производство на седишта за автобуси.

Со цел проширување на својот тим, Киел Македонија има потреба од  работници на позицијата:

ХИГИЕНИЧАР (М/Ж)
 
 

Работни задачи:

  • Се грижи за тековно одржување на хигиената внатре во објектот ( сите канцеларии, помошни простории, ходници, тоалети, кујна, скали ...)
  • Се грижи за тековно одржување на хигиената на надворешниот дел од објектот (дворна површина – метење, чистење, наводнување..)
  • Проверка и промена на потрошни средства за хигиена во целиот објект
  • Водење евиденција за залиха на потрошни средства за хигиена и нарачка на истите
  • Еднаш месечно чистење на прозори внатре и надвор во објектот
  • Редовно одржување на алатките за чистење

Потребни квалификации:

  • Средно образование;
  • Претходно работно искуство ќе се смета за предност.

Останати информации и апликација:

Доколку оваа позиција ви изгледа и привлечно и ги исполнувате зададените услови, ве покануваме да го испратете го вашето резиме/ CV преку Брза Апликација.

Киел Македонија нуди еднакви можности на вработување без оглед на пол, раса, религија и убедувања, попреченост, возраст и сексуална ориентација.

Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат, нема да бидат земени предвид. 
Ќе бидат контактирани само оние кои влегле во потесен круг на селекција.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде